• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО Охрид: Јадете ленено семе, го забрзува метаболизмот, го регулира варењето и го смирува желудникот

февруари 27, 2022
in Uncategorized

Нашето ленено семе кое ќе го најдете низ продажната мрежа со заштитниот знак АЛПОЈО  е природно третирано, без адитиви и конзерванси. Поради големата содржина на омега 3 масни супстанци, влијае врз намалувањето на холестеролот и шеќерот во крвта. За што друго е корисно лененото семе прочитајте во статијата подолу. 

Лененото семе е корисно во превенција и лечење многу болести, а помага и во текот на диетата. Неговата најзначајна состојка е слузта, која се испушта во допир со водата, но сите негови својства најдобро се искусуваат кога тоа се користи мелено. Тоа е богат извор на омега-3 масни киселини, но и со витамини и олигоелементи (калциум, калиум, фосфор, цинк, манган, селен) а содржи и фитоестрогени – бројни хормони чија хемиска структура е слична како онаа на естрогенот. Неговата тенка лушпа е несварлива, богата со целулоза и влакна.

 eWKbcTeD3slenenoseme

Лековитите својства на лененото семе се познати уште од антиката и се препорачуваат во лечењето и превенцијата на различни болести – многу е корисно во намалувањето на нивото на холестеролот и превенција кај кардиоваскуларните болести. Омега-3 масните киселини влијаат поволно на намалувањето на крвниот притисок, а содржи и алфа-линоленска киселина која го намалува ризикот од срцев удар.

Лененото семе исто така го намалува нивото на гликоза во крвта, па е доста корисно кај стабилизирањето на шеќерот и се препорачува на личностите кои патат од дијабетес.

Неговото дејство против воспаленијата помага кај артритисот и ги олеснува тегобите, а исто така е и природен лаксатив. Лененото семе набабрува во цревата и испушта слуз, која го регулира варењето на неинвазивен начин, па може да се дава и на бебињата. Ова исто својство ги ублажува тегобите кои ги предизвикува појавата на хемороиди.

Поради големото ниво слуз, помага кај сувата непродуктивна кашлица – го олеснува искашлувањето и ја намалува кашлицата, а се препорачува во оваа намена да се користи во комбинација со слез.

Поради олигоелементите и фитоестрогените, се препорачува на жените во менопауза – претставува одлична алтернатива за естрогенската терапија, а делува и превентивно на појавата на остеопороза.

Превентивно и како средство за дополнителна поддршка во лечењето на ракот на дојката, лененото семе се препорачува поради лигнинот кој има антиоксиданско и антиканцерогено дејство.

274458212 1095636867927356 3289523140091012662 n

Лененото семе е добро при превенција на тумор на простата и дебелото црево, чир на желудникот и гастритис – поради високото ниво слуз, лековито делува на сите аспекти од дигестивниот систем. Тоа ги врзува токсините – солите на тешките метали од цревата и така ги исфрла од организмот, па има доста важна улога во детоксикацијата.

Регенеративното својство на лененото семе ги покажува своите својства на кожата, па е препорачливо кај егзема, псоријаза, акни, но и кај изгореници.

Консумирањето ленено семе има и позитивно влијание врз менталната состојба, така што го намалува ризикот од појава на депресија и помага при помнењето и учењето.

Поради големата количина хранливи влакна, лененото семе е добар додаток на секоја редукциона исхрана, односно ѝ дава поддршка на диетата и слабеењето.

Лененото семе може да се употребува цело, мелено, како чај или во облик на ладно цедено масло.

Побарајте лелено семе од Алпојо во најблиската продавница со кое можете да подготвите неколку начини на лененото семе за различни потреби:

За подобро варење (опстипација, хемороиди) потребно е да прелиете две лажички ленено семе со 230 милилитри врела вода, да промешате, да го поклопите и да го оставите да постои околу еден час. За тоа време, лененото семе испушта слуз и се меша со водата, па ќе добиете густ ладен чај, кој не е непријатен за да го испиете. Оваа течност треба да ја прелиете во шолја и да ја испиете наутро, на празен стомак.

 

274362023 1871809696347563 132452964933211028 n

Во превенција на срцеви заболувања и инфаркт, се користи мелено ленено семе – две супени лажици сомелено ленено семе треба да ги испиете со многу вода. Наместо мелено семе, може да земете и супена лажица ленено масло.

Во превенција и лекување на остеопороза, треба да користите мешавина од мед, ленено семе, семки сончоглед, тиква и ореви. Потребно е да измешате еднаква количина (по една супена лажица) од сомелените семки и ореви со 500 грама мед и да земате по една лажичка секое утро.

За лечење на сувата кашлица, рецептот е следен: Измешајте еднаква количина ленено семе и црн слез. Од таа мешавина земајте по две супени лажици и прелијте ги со 2 децилитри зовриена вода. Оставете да постои и потоа процедете. Вака добиениот чај, се пие во мали количини во текот на целиот ден.

Во третманот на кожни болести користете масло од лен и масло од сусам измешано во еднакви количини, во кое ќе додадете 10 капки масло од рузмарин. Станува збор за мешавина за мачкање на проблематичните делови од кожата (егзема, псоријаза), а доста е ефикасна во лечењето на себореја – за оваа намена, маслото треба благо да го триете но кожата на главата. Вака направената мешавина од масла, може да се користи како регенеративно пакување за исушените краеви на косата, а одлично е и за нега на сувата и чувствителна коса.

Публицитет.мк 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: „Љубовта не е емоција“

Next Post

“Најголемата вистина” новиот македонски филм ќе се прикажува во Охрид

Next Post

"Најголемата вистина" новиот македонски филм ќе се прикажува во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk