• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Академик Миле Д. Миќуновиќ: Бубачки во глава?!

ноември 4, 2022
in Аргументи за

Бубачки во глава е многу стар израз. Кога ќе кажеме за некого дека има бубачки во глава, основното значење би било дека тој не размислува разумно, објективно, туку се занесува со некој луди, необични мисли.

Во словенската митологија пеперутката, пред сé ноќната, претставува човечка душа, од покоен и како таква не е омилена. Честопати предвидува непосредна смрт, ако се спушти на нечиј дел од телото, барем така луѓето велат. Покрај тоа, пеперутките често се изедначуваат со вештерки. И самовилите имаат крила, често како пеперутките, ама со нив не се начисто ниту народните раскажувачи, кои од нив се добри, а кои не.

Од друга страна мувите и бубачките воопшто, почесто се јавуваат во приказните како носители на душата. Во многу приказни, човекот кога ќе заспие, од устата ќе му излета мувата и трга во авантура. Кога повторно ќе се врати преку устата во човечката глава, тој се разбудува и смета дека тоа што го видела бубачката било само сон. Значи, устата е критична и низ неа може да излегува и да влегува мувата или некоја друга бубачка, односно душа. Но, понекогаш, ако некој ја држи устата отворена, може да му влета некој инсект. Познато е дека на децата честопати им се вели – затвори ја устата да не ти влезе некоја бубачка. Е па тие бубачки, кои можат да влезат во нечија уста, можат да бидат и туѓи души. Кога ќе се најдат во туѓа глава, се разбира дека им е необично. Необично му е и на сопственикот, т. е. на личноста во која, преку уста, влегла бубачката, некоја туѓа душа сега тука се меша, се кара со душата на домаќинот, воопшто, однесувањето се менува и сега како таа личност им изгледа на другите? Чудно, невообичаено, едноставно – има бубачки во глава.

Речникот на македонски јазик: Бубачки во глава – има некоја манија.

Пишува

0005 copy

Академик д–р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Посетеност: 153
Share
Previous Post

Филијала на Стопанска банка во Охрид преселена во нов современ простор со автентичен охридски амбиент

Next Post

Се’има свои граници освен човечката пакост и глупост

Next Post
Се’има свои граници освен човечката пакост и глупост

Се'има свои граници освен човечката пакост и глупост

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 153

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk