• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Филијала на Стопанска банка во Охрид преселена во нов современ простор со автентичен охридски амбиент

ноември 4, 2022
in Тикер
Филијала на Стопанска банка во Охрид преселена во нов современ простор со автентичен охридски амбиент

Стопанска банка АД – Скопје е присутна во Охрид од самите свои почетоци и се гордее што речиси 80 години е финансиски партнер од доверба за граѓаните и за компаниите кои гравитираат околу градот.

Следејќи ги современите потреби за клиентите кои ги користат филијалите на Банката, неодамна Стопанска банка изврши преселба на филијалата и вработените во нов простор во центарот на градот.

Во куќата на ул. Димитар Влахов бр. 2 која го задржа својот автентичен охридски изглед, Банката ја вклопи работата на филијалата на начин што им нуди на клиентите појасна поделба на функциите, поголема достапност и подобрени услови за соработка со нашите вработени.

 

STB 1

По тој повод, Банката денеска организираше пригоден коктел во просториите на новата филијала во присуство на членовите на Управниот одбор и останати директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување.

Користејќи ја приликата, генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, г. Диомидис Николетопулос изјави:

“Денес ве повикавме на добредојде во новите простории во овој уникатен град. Охрид е толку атрактивен и препознатлив по својата автентична архитектура и природни убавини што заслужува сите кои функционираат во него да делуваат од атрактивни простории. Затоа, нѐ радува што можеме да функционираме на оваа нова локација сместена во најубавиот дел од градот и тоа во куќа како  културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на нашата Банка и силното присуство во градот и регионот.

Изразувам голема благодарност на сите наши колеги кои помогнаа да се спроведе овој проект; планираме новата филијала целосно да ги задоволи потребите на нашите клиенти, граѓани и компании бидејќи покрај традиционалните банкарски активности, ќе биде советодавен центар кој на најдобар можен начин ќе ги поддржува компаниите и домаќинствата во регионот.“

STB 3

Директорот на филијала Охрид г. Дејан Блажески исто така им се обрати на присутните изјавувајќи:

“Како дел од најголемата банка на пазарот која се уште расте и се развива заедно со своите клиенти, чекорот на преселба на филијалата во нови објекти со модерен отворен концепт е сосема соодветен.

Ме радува фактот што веќе ги имавме првите денови во овој наш нов дом и успеваме да покажеме дека Охрид може да продолжи да се потпира на услугите и производите на Стопанска банка која со генерации е во поддршка на градот и регионот. Благодарност до менаџментот за секојдневната поддршка во реализацијата на овој значаен проект, тимот од филијалата ќе продолжи да остварува резултати и да биде значаен дел од организацијата.“

Новите простории на филијала Охрид се наоѓаат на ул. Димитар Влахов бр. 2, со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот. Во градот се достапни дополнителни 5 АТМ локации.

Публицитет.мк 

Посетеност: 236
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Емилија Сарафска

Next Post

Академик Миле Д. Миќуновиќ: Бубачки во глава?!

Next Post

Академик Миле Д. Миќуновиќ: Бубачки во глава?!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 236

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk