Вчера во 20 часот и 17 минути шетајќи по кејот, од водата се појави глава од видра, додека го извадив телефонот и го вклучив за видео снимање видрата почна да се оддалечува, но сепак моите аматерски снимки видете ги, вели д-р Миќуновиќ за Публицитет.мк
Видра e месојаден цицач добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите имаат цврсто и многу подвижно тело. Градбата на телото им е добро приспособена за нуркање. Во вода можат да издржат многу долго време, а за ловење на пленот се служат со нивните остри и силни заби.
Видрите пред сè се хранат со риба. Претежно се активни ноќе. Во ловот не се пребирливи и по правило го ловат пленот што најлесно може да се фати во моментот. Видрите се прилично плашливи, воздржливи животни кои живеат осаменички живот. За видрите сепак најважно е водата да е бистра и бреговите да нудат можност за криење. Во потрага за храна видрите често знаат да се селат од едно во друго речно подрачје, при тоа често преминувајќи големи растојанија.
Пишува:
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид