• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Ако екологија немаш , ништо не си Повод: Јуни еколошкиот месец и 5 Јуни – Ден на животната средина

јуни 4, 2016
in Аргументи за

 Екологијата (читај секаде: заштитата на животната средина) денес не смее веќе да остане само парола.

Екологијата денес треба да стане систем на однесување, свест за одговорно живеење. Екологијата сега е начинот на кој зборуваме, комуницираме, управуваме па и опстојуваме. Екологија е знак на културата, духот и немирот што ги носиме. Екологијата е начин на управување со себе, со природата, со системите, со градовите и државите.

Денес е еколошки IN ако знаете да дојдете до успех, до реализација на идеите и плановите. Еколошки е да знаете да одберете тим на луѓе кои ќе носат вистински одлуки. Затоа што екологијата е внатре во секоја гранка на живеењето. Таа постои и во процесот на урбанизацијата на околината, во градењето на пат до домот, постои во процесот на комуналните услуги, постои и во самиот дом. Екологија е и образованието, спортот, туризмот.

Екологијата е неизбежна тема на надворешната политика и на економијата. Денес е еколошки ако се движите, ако возите велосипед и ако спортувате. Еколошки е да имате свој став, свое мислење за нештата и истовремено да го браните правото на другите да имаат свој став и кога не се согласувате. Еколошки е да засадите дрво, да вдомите животно, да гушнете човек и еколошки да имате емпатија. Секси е да си еколошки настроен, плус екологијата е чинот на хуманото движење.

Екологија е и ако помогнете некому, ако споделите нешто убаво, ако се насмеете и ако бидете позитивни. Со секој еден ваков чин ја штитите животната средина, аурата, од непосредното опкружување па се до глобалниот систем. Создавате спокојност и чистина. Токму така, Екологија е да направите, да создадете, заштитите, а никако да уништите нешто. Фактот што покрај сето ова сме нееколошки, е дел од една друга приказна и друга битка.

ohrid copy copy copy copy copy

Победа во војната за екологијата (читај: заштита на животната средина) засега нема. Има поединечни добиени битки, поеднечни моменти на спасување парче по парче, на издејствување на поединечни мерки. Но, екологијата е се уште фрлена некаде назад на нашата овдешна агенда. И веројатно така ќе остане се додека не дојде оној миг кога ќе сфатиме дека веќе немаме за што да се бориме, дека ја нема веќе бистрата вода, ја нема зелената шума, ги нема парковите, го нема свежиот воздух, ја нема светлината. За после сето тоа (како што рече еден индијански поглавица) да осознаеме дека сепак неможеме да се исхраниме и да преживееме со парите.

Токму тогаш можеби и ќе сфатиме дека приказната на постоењето не беше всушност приказна за профит, туку за заштита на постојните вредности и за оставање на надеж. Поради тоа, се додека има надеж нека се шири приказната за еколошкиот дух, за еколошката потреба, приказната за еколошките вредности. Нека се шити надежта и бајката за спасот на малото парче земја под нас, за спас на капките преостаната вода и за спас на секој еден здив и душа. Нека поживее што подолго бајката за нашата наивност, простодушност, за нашата грижа и повик, бидејќи наивноста е единственото што ќе го спаси светот во неговата исконска форма. Впрочем, и зборот Екологија значи – чиста, безусловна и исконска ЉУБОВ.

Затоа, кој и да си и што и да си, ако екологија немаш – ништо не си. Токму тоа уште одамна апостол Павле го укажа во своето послание соопштувајќи ни ја вистината која никако не успеваме да ја сфатиме: „И да ги зборувам сите човечки и ангелските јазици дури, ако љубов немам – тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. И да имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и да ја имам сета вера така што да преместува и планини, ако љубов немам – ништо не сум“.

 

 dejan copy copy copy copy copy copy

Пишува: Дејан Пановски , Охрид – 5 Јуни Ден на животната средина … и 2013 и 2016 година.

Публицитет.мк 

Посетеност: 85
Share
Previous Post

Филмски премиери во јуни (2)

Next Post

Државната матура без проблеми

Next Post

Државната матура без проблеми

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 85

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk