Копајќи во непресушната македонска ризница од македонски евергрини наидовме на една неповторлива песна а тоа е „Ако не исчезнам“ во изведба на Маријана , Росана и Тоде.
Песната за прв пат е изведена во октомври 1989 година на МАКФЕСТ во Штип закитена со награди, а најважно од се’ е тоа што стана евергрин.
Комплетниот автор на песната – композиторот Тоде Новачевски сега живее во Мелбурн, Австралија и за нашиот веб портал „Публицитет.мк“ ни напиша:
-И „Признавам“ и „Ако не исчезнам“ се напишани како ИСКРЕНИ ПОРАКИ до ТАА која во тој период беше ДРУГАТА ПОЛОВИНА на мојот живот.
Луѓето очигледно препознаваат искреност и затоа се наоѓаат во тоа. Во музиката и во текстот.
Не случајно моите најуспешни песни се и најискрено искажување на моите лични чувства. Таква беше и „Свири ми брате Ферусе (Цигане)“ која ја напишав на салфетка во кафаната „Теке“, кога седев на маса заедно со Сестрите, на Василица , две недели пред заминување во Австралија а пред нас свиреше Ферус.
Публицитет.мк