• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Ако си човек….

март 13, 2017
in Аргументи за

До сите луѓе на планетава  кои сакаат да го носат епитетот  човек- РАЗБУДЕТЕ СЕ!  На оваа планета сте дошле со цел да оставите трага на вашето битисување  во позитива. Има многу повозвишени цели во Вашето опстојување од целта да создавате лични Империи зачинети со суета и ЕГО.

Човекот се раѓа од љубов, се издигнува со харизма на љубов и единствено нешто што може да понесе со себе онаму, каде што сите на ист начин ќе завршиме тоа е љубовта.

Но, еден високосвесен човек кој живее со таа енергија има и достоинство.

Таква личност  многу добро чувствува кога тие доблести му се загрозени и Ве уверувам тој не мирува додека не си го поврати спокојството. Се бори на високосвесен начин што е одлика на личност со разум и чиста мисла.

Високосвесен човек континуирано лично се надоградува за свој – личен прогрес кој води кон семеен а тој кон општествен прогрес.

Високосвесниот човек почитува закони и норми и традиционални обичаи , но функционира слободно и независно во сите сфери, бидејќи негува чувство на самоприпадност а не чувство на нечија своина.

Тој ја сака својата слобода , но ја почитува  и туѓата и негува почит кон сето она што го опкружува.

Секој човек е плод на универзумот  кој слободно и независно вибрира кон бесконечноста а истиот е предодреден ви ист правец. Изборот е личен.

NABORENO OHRIDSKO EZERO 520x375

Очигледно е дека процентот на ваков вид  луѓе ( човек ) е мал на светско ниво. Затоа одреден процент на „луѓе“ користејќи ја моќта на монетата владеат со планетата Земја поткупувајќи нискосвесни луѓе да сеат страв и уцени врз масите.

Но, еден човек со разум и достоинство на стравот му гледа очи во очи . Тоа е всушност личност кој перманентно  во себе ги носи десетте божји заповеди и има чиста совест.

А  оние со кои завладеала и ги заслепила најопасната божица – монетата лесно се препознаваат од претходно наведените  кои воедно со сожалување ги оставаат сами да си пресудат зошто секој се раѓа со совест, која кога – тогаш совеста ќе проработи.

Високосвесниот човек го живее својот живот по свои критериуми и делува автентично , зошто знае дека ниту една копија не е оригинал.

До сите луѓе на планетава  кои сакаат да го носат епитетот  човек- РАЗБУДЕТЕ СЕ!  На оваа планета сте дошле со цел да оставите трага на вашето битисување  во позитива.

Има многу повозвишени цели во Вашето опстојување од целта да создавате лични Империи зачинети со суета и ЕГО.

Разбудете ја прво љубовта во вас за да можете да ја почувствувате  туѓата а воедно и да ја дарувате околу себе. Само слушајте го Вашиот внатрешен глас . Тоа е гласот на универзумот или народно кажано гласот на Бога. Тој никогаш не ве води кон живот исполнет со лага и непочитување на ближните и сеење на страв.

Тој Ве води кон живот во кој ќе се радувате на изгрејсонцето, на малите снегулки, на мирисот на полскиот цвет, свежината на планинскиот воздух. Тоа му припаѓа на секој човек. Зошто планетава не е ничија своина.

ohr ezero

Животот на личноста – „човек“ не е ничија своина туку високосвесна слобода  на духот зачинета со морал и етика.

Минатото нека е поука – иднината нека е предизвик за да се живее денес, сега и овде со активизам. Сето тоа во прилог на оној кој одлучил да биде ЧОВЕК а не карцином за планетата Земја.

Човекот поставува прашање: Луѓето кои се сметаат за најинтелегентни битија зошто интензивно инвестираат во вооружување?  Кој-кого напаѓа? Кој од кого се брани? 

Нели е тоа иронија. Некој се закитил со лажна етикета. Кога некој себеси се лаже, тој шири лаги околу себе. Духовните клици се поопасни од бактериските за кои се пронајдени антибиотици .

За духовните клицоносители потребен е долготраен високостручен третман од психијатри и тоа во изолација, бидејќи се опасни за средината.

ЗАКЛУЧОК: Инвестиција во лекување болни умови а не во вооружување!

Ниту еден жив вид на планетава не уништува се околу себе за сопствен интерес . А луѓето се прогласија за најдоминантни заборавајќи дека се’ што е на планетава е со причина и е создадено од повозвишени сили од човечкиот ум и дека тоа треба да се почитува.

Секое спротивставување на универзалната енергија се враќа како бумеранг.

Човекот негува почит кон здрава почва, вода и воздух нешта без кои нема основен извор за живот и опстојување.

Човекот дава повик за мир и љубов на Земјата за да се воздигне на повисоко енергетско ниво  на свесност за што всушност и е создаден.

Човекот со мисла се стреми кон надмисла!

Објавените текстови и фотографии во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Авторот е од Охрид и е познат на редакцијата.     

Посетеност: 133
Share
Previous Post

Следува богат музички викенд во Fish & Lounge Bar Lihnidos

Next Post

Во април ФОН ќе организира т.н. Book Swap (Размена на книги)

Next Post

Во април ФОН ќе организира т.н. Book Swap (Размена на книги)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 133

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk