
Во Охрид во тек е реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“.
Како што информира градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, во моментов се поставува нова водоводна линија, а потоа ќе се врши приклучување на домаќинствата со средства покриени од општината.
-Продолжуваме да работиме на проектите кои се во интерес на граѓаните, најави Георгиески.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески






