
На денешен ден, 25.март, во далечната 1860 година, неговата поема ” Сердарот” го овенча со Ловоров венец.
По тој повод денес во училишниот парк претставници на ученици од VIII и IX одделение кои во текот на нивното основно образование постојано учествувале на регионални и државни натпревари претставувајќи го ООУ ” Григор Прличев” Охрид секогаш во најсјајно светло и освојувајќи ги највисоките места, засадија ловорики како дел од проектот ” Засади ја успешноста ПРЛИЧЕВА”.
Леонид, Јана, Софија, Митко, Димитар, Марија, Симона, Јована, Ангелина, Иван, Ева, Теодора во име на сите ученици ја овековечија успешноста како највисок дострел во ова училиште и даваат поттик и мотив за достигнување на највисоката цел во образованието на учениците.
Публицитет.мк







