По пресот за вечерашниот концерт на Антички во рамките на „Охридско лето“ а во соработка со „Авалон“ познатиот Дуке Бојаџиев не замина. Тој остана во „Акварииус“ и се сретна со својот пријател и колега Владимир Васислески – Четкар. Правеа професионален муабет,ама имаа време да разменат и по некое искуство за животот во САД.
Четкар даде интервју и за регионалната ТВМ а со него разговараше колешката Билјана Николоска.
Вчера и спортистите беа дел од медиумското претставување во култниот „Аквариус“ . Во Охрид се одржува „Месецот на кошарка“ и за натпреварите кои се во тек во спортската сала „Билјанини извори“ зборуваа претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Пеце Наумоски и кошаркарот Владо Илиески.
Фото: „Аквариус“
Публицитет.мк