Дека популарниот гитарист Ташко Петроски – Шууле не е само одличен гитарист, туку и одличен градинар по охридски бавчанџија сведочат фотките испратени до редакцијата на „Публицитет.мк“
Шуле познат во јавноста како член на легендарната „Билјана“ и ред други охридски музички тајфи денес набрал домат од сопстевната градина блиску до Охридското Езеро ни помалку, ни повеќе туку 1 килограм и 550 грама тежок.
Несекојдневната појава и плод Шуле несебично го сподели со јавноста а најмногу на големиот патлиџан му се радува неговата внука
Тамара. Секогаш за шега расположениот Шуле вели дека земјоделците уште од денес можат да тргнат кај него за совет како да одгледуваат здрав зеленчук. Каква ќе биде судбината на доматот не знаеме,ама претпоставуваме,дека ќе заврши во некоја салата за друштво и мезе со некоја староградска песна .
Публицитет.мк