Со секои нови Олимписки игри, градовите каде се одржуваат се прашуваат дали ќе се исплати да бидат домаќини на ваков настан, затоа што ја немаат потребната инфраструктура и многу вложуваат. Кога ќе помине тој настан, тој сјај, таа еуфорија околу Олимписките игри, многу градби изградени за употреба на ОИ остануваат напуштени и празни.
Огромни финансиски средства се потребни за спортистите учесници на овој настан да бидат пречекани, но, потоа, во многу случаи стадионите и останатите градби направени за ОИ никогаш повеќе не се користат, и се покажуваат како лоша инвестиција.
САРАЕВО, ДОМАЌИН НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО 1984 ГОДИНА
Многу години подоцна, некои од градбите се користени и како воени објекти, а денеска се потполн0 заборавени. Патеката за боб е потполно уништена, а ѕидот на кој е нацртан симболот на ОИ е покриен со трева.
Напуштените скијачки скокалници на Игман делуваат застрашувачки, а на местото каде некогаш седеше публиката, денеска расте трева. Патеката која е направена за Олимписките игри денеска е прекриена со графити, а се користи и за велосипедистички трки.
АТЛАНТА БЕШЕ ДОМАЌИН НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО 1996 ГОДИНА
Стадионот кој се користеше за бејзбол е демолиран во 1997 година, и е претворен во паркинг за 4 илјади возила
ПЕКИНГ БЕШЕ ДОМАЌИН НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО 2008 ГОДИНА
Пекинг последен пат беше домаќин на Олимписките игри во 2008 година, а повторно ќе биде домаќин во 2022 година, но овојпат на Зимските Олимписки игри.
Туристите и ден денеска се фотографираат на напуштениот стадион за бејзбол и логото на Олимписките игри. Паркингот на стадионот го користат автошколите. Местото каде што се натпреваруваа кајакарите, денеска е затворено за јавноста, езерото е полно со ѓубре, кое никој не го чисти.
АТИНА ГО НАДМИНА БУЏЕТОТ ЗА 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Грчкиот град беше домаќин на Олимписките игри во 2004 година, а може да се забележи дека Олимпиското село денеска е комплетно запуштено. Делот за кајакарите во Атина, беше прв во историјата на Олимписките игри, кој беше наполнет со солена вода, а сега веќе не се користи.
Извор: www.ekipa.mk