Деновиве во Домот на АРМ во Скопје свеченото затворање на 39-тото издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“ се одбележа со концерт посветен на 80-годишнината од раѓањето на македонскиот композитор Александар Џамбазов.
Во чест на маестро Џамбазов неговата незаборавна композиција „Срамежлива“.
Исечок од Скопски Фестивал 2012 пренос на МТВ, настап на Виолета Томовска и Игор Џамбазов со песната Срамежливи.
Џамбазов е еден од виновниците за создавањето на „Скопскиот фестивал“. Сѐ почнало како конкурс со цел да се поттикне македонската музика. Идејата била да се направи концерт, но тогаш Џамбазов дал предлог да се направи фестивал. Друштвото на композитори ја прифатило идејата и со 12 композиции, изведени во две верзии, во 1968 година се одржал првиот „Скопски фестивал“. Песните биле снимени во некои хангари кај хотел „Континентал“:
– Тогаш се договоривме да направиме ревиски оркестар и да повикаме пејачи од цела Југославија. Таа година Бранѓолица доби прва награда од жирито, а јас трета за „Јужна ѕвезда“. Публиката, пак, првата награда ѝ ја додели на мојата „Срамежлива“ што ја отпеаја Зафир Хаџиманов и Љупка Димитровска, а втората верзија Виолета Томовска со Диме Поповски.
Маестро Џамбазов редовно учествува на овој фестивал и е единствениот троен победник со композициите „Срамежливи“, „Само ти“ и „Љубов неверна“. По три години, во 1971 година почна најдобар фестивал во Југославија.
Александар Џамбазов (03.02.1936,Стапар) го препознаваме како татко на фестивалот на детска песна „Златно славејче’’, 37 години диригент на Танцовиот оркестар на МРТВ, аранжер и автор на забавни, масовни и хорски композиции, оркестарски творби, филмска и театарска музика. Со своето творештво остава трајна трага во развојот на македонската музика од втората половина на 20 век и тоа во повеќе нејзини жанрови. Програмата на концертот донесе краток избор од неговата богата разновидност, почнувајќи од популарните хитови „Само ти’’, незаборавниот блуз „Да нема разделби’’, латентното танго „Љубов неверна’’, како и „Галеби бели“, „Довидување“, „Детство“, „Охрид и јас“. Неговиот афинитет кон џезот уште повеќе доаѓа до израз во композициите пишувани за Танцовиот оркестар на МРТВ како „Југосаунд’’, „Балада за Шпато’’, „Реминисценција“, „Чарли“ и други. На програмата за првпат беа изведени и „Седумте танцови варијации“ за пијано и оркестар.
Публицитет.мк