Вчера, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески во својот кабинет се сретна со 12 годишниот Александар Дуклески, ученик во VII одделение во ОУ „Дебрца“ во селото Требеништа, кој е вистински мајстор во склопување на познатата Рубикова коцка.
Александар неодамна учествуваше на интернационалниот натпревар „Albanian open 2018“ кој се одржа во Harry Fultz Institute во Тирана, Албанија.
Таму тој собори 6 национални рекорди во склопување на Рубикови коцки во категориите: 3-3 (коцката ја склопи за време од 14,06 секунди), 4-4 (1 минута и 17 секунди) и 5-5 (2 минути и 30 секунди).
Младиот Дуклески лично го уверил градоначалникот во неговите мајстории во склопување на Рубиковата коцка.
За досегашните постигнати успеси од општината на Дуклески ќе му бидат доделени 10.000,00 денари, како награда и стимул за поголеми успеси, а ќе го поддржуваат и секој негов следен национален и интернационален настап.
-Александар, многу успех , продолжи да вежбаш, соборувај рекорди, а следен предизвик нека Ти биде и светскиот рекорд, му посака градоначалникот Ногачески во име на општината.
Публицитет.мк