Познат по својата успешна градежна компанија Г5Д, која веќе 3 години функционира во Охрид, а на релација со Лондон, нашиот сограѓанин Александар Ставревски непрекинато работи и ја усовршува својата професионална кариера како архитект во Лондон, овојпат отворајќи уште една компанија од областа на врвната градежна технолошка сфера.
БИМ – ДМ е една од трите успешни компании што ги основа Александар, а која се занимава со building information modeling, и е нова градежна компанија која на своите клиенти им овозможува високотехнолошко градежништво.
Во постојаниот менувачки пејзаж на иновациите поттикнати со пасија, БИМ – ДМ ја наоѓа својата примена и ја прави технологијата достапна во текот на целиот градежен процес.
Успешноста на компанијата, како и тимот на професионалци со силни квалификации во областа на градежништвото, БИМ и 3Д, неодамна беа повод реномираното лондонско списание за градежна технологија „Build“, да разговара со основачот на оваа компанија, Александар Ставревски.
Зборувајќи за компанијата, Александар вели дека БИМ -ДМ е создадена според потребите на клиентите со цел да понуди алатки од 21. век за градежништвото во 21. век, кое е предводено од технологијата и иновацијата. Затоа, битката за продуктивност бара релевантна и компетентна основа за носење правилни одлуки во вистинско време. БИМ – ДМ нуди екпертиза и поддршка во клучните полиња на БИМ – градежните истражувања, градежни симулации и анализи.
Тимот на професионалци што ја основа и ја унапредува компанијата во сите сфери на работењето е составен од врвни специјалисти во областа на БИМ, 3Д – моделирање и градежно секвенционирање, што ги прави идеални партнери за секој што подготвува фази или секвенционирање, информации за тендери, изградба, прегледи по изградбата и форензички испитувања на градбата.
БИМ – ДМ се горди што имаат разновидно портфолио кое ги опфаќа сите сектори на градење, градежно инженерство, ентериерно уредување и проектирање. Како сериозна и иновативна компанија, тие се во состојба да обезбедат целосни БИМ – менаџмент-услуги за своите клиенти: од креирање 3Д – модел прилагоден на барањата на клиентот, до финансиски менаџмент, динамички план на градба и административни ресурси, со цел да се создаде, менаџира и имплементира БИМ со поврзани протоколи специфични за барањата на една компанија.
БИМ – ДМ креира реалност од желбите на клиентот. „Ние можеме да обезбедиме чиста слика на визуелно изразување. Буквално не постојат граници. Ако клиентот може нешто замисли, ние ќе бидеме среќни да направиме 3Д -модел од истото“ – вели Александар.
„Измоделирано според барањата или претходно зададеното ниво на деталност од страна на клиентот, ние со задоволство би создале 3Д – содржини за различни проекти, а исто така нудиме поддршка на клиенти за развивање идеи и тестирање концепти на изградба.
Друга клучна област на нашиот бизнис е брзиот развој и испорака на 3Д – модели за БИМ, симулација на градба, секвенционирање на процесот на градење, визуелизација, анимација, симулација на методологијата на инсталација на градежни елементи и сѐ останато поврзано со содржината“ – заклучува Александар.
Комплексноста на објектот повеќе не е проблем кога станува збор за детекција и анализа на судири при градба, комплексни ископи, па дури и 3Д – модел на терен. Составувањето на сложени модели каде што има судир на различни елементи и тестирањето детални решенија во визуелен просторен концепт, ќе ги истакне потенцијалните проблеми. Тоа е точката каде што целиот труд во составување на 3Д – модели и БИМ го докажува и го оправдува пристапот кон ваквиот начин на работа. Доколку правилно се користат, овие техники придонесуваат за заштеда на трошоци на клиентот и го намалуваат ризикот во текот на спроведување на проектот.
Од високоартистичките канцеларии во ISevenoaks, Kent, оваа компанија има креирано околина за нивните тимови да ја негуваат и да ја развиваат својата креативност, обезбедувајќи највисок квалитет за клиентите. Нивните високи стандарди и критериуми се имплементирани низ сите 3Д- модели и други содржини што ги креираат, со цел да се осигураат дека добиваат финален продукт кој несомнено ги задоволува нивните идеи и потреби и во целост ја отсликува нивната професионалност и префинет вкус за создавање врвни дела и креации, вели Ставрески во интервјуто за светсски познатото – лондонско списание за градежна технологија „Build“.
Публицитет.мк