Џек Даниел – човекот што го создаде вискито.
Женкар, маркетинг гениј и неверојатен малер кога станува збор за умирачка, така некако ќе му дојде накратко биографијата за Џек Даниел, човекот кој го создаде еден од најпознатите жестоки алкохоли – вискито Џек Даниелс.
Околу ликот и делото на Џек Даниел се поврзани многу митови, дел од нив се тотално бесмислени, другиот дел е тешко да се утврди дали се вистинити или не. Што се однесува до годината на раѓање, постојат две различни години за кои се вели дека овој човек дошол на свет. Едната е 5 септември 1846 година, а другата е напишана на неговата надгробна плоча и вели 1850. Тешко е да се поверува во вистинитоста на вторава година, бидејќи мајката на Џек починала во 1847.
Џек на многу рана возраст го напуштил својот дом, а во тој момент со себе имал предмети во вредност од само девет долари. Тој завршил во домот на свештеникот на Лутеранската црква, Ден Кол, кој поседувал продавница во која продавал виски кое го дестилирал самиот. Токму таму Даниел ја научил тајната на дестилацијата и создавањето на вискито.
За прв пат го регистрирал својот бизнис во 1875 година. Важел за неверојатно добар маркетинг стратег и дури и како помлад сметал дека тој самиот е одлика на својот производ и ако луѓето го запомнат него, ќе го запомнат и производот. Затоа и секогаш бил формален во изгледот, носел костум во јавноста и никогаш не дозволил некој да го види несреден. Со цел промоција на производот, Џек најмил бенд составен од 10 музичари кој свирел на сите поважни настани како што биле политички собири и задолжително на прославата одржана по повод празникот 4 јули.
Во почетокот Џек Даниелс се продавал во тркалезни шишиња, но во 1895 година еден продавач на Џек му покажал прототип од коцкасто шише, по што Даниел решил вискито да се продава токму во таков облик. Тоа се покажало како полн погодок, бидејќи шишето отскокнувало по својот изглед во тој период и на ниедна полица не минувало незабележано.
Џек Даниел починал без да се ожени. Некои велат дека причина за тоа било што бил венчан за работата, други пак велат дека не можел да најде жена која ќе одговара на неговите високи стандарди. Сепак, важел за голем женкар и имал мерак на многу помлади жена од него, некои дури можеле да му бидат внуки. И никогаш не им кажувал колку години всушност има, за полесно да му оди заведувањето.
Смртта на Џек Даниел е помалку бизарна. Човекот си починал затоа што еден ден решил да дојде малку порано на работа. Тој пробал да го отвори сефот на компанијата, чија комбинација никогаш не успеал да ја запомни и од бес удрил со ногата во сефот со сета сила и се повредил. Тој толку лошо го оштетил левото стапало, што добил труење на крвта, па морал да прави ампутација на ногата, а пет години подоцна починал како последица на тоа.
И покрај тоа што Џек Даниелс важи за еден од најпродаваните виски пијалаци, неговото производство се одвива на стар ранч, кој одамна е прогласен за значајно историско место…
Вискито JACK DANIEL’S е составен дел од понудата на АЛПОЈО – Охрид
Собите во кои се произведува вискито се толку стари што на ѕидовите имате шанса да ја видите секоја пукнатина и недостаток.
Сепак, оригиналноста и традицијата се нешто непроценливо во текот на ова производство.
Во оваа фабрика работат точно 435 работници, кои преку неколку стотици процеси произведуваат над 119 милиони шишиња во годината.
Извор: www.kajgana.mk
Публицитет.мк