• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО: Купете и консумирајте брусница, корисна е за сите

октомври 19, 2016
in Uncategorized

Ретко која билка со своите плодови,како брусницата,која е природен антибиотик го има потврдено својот придонес во здравјето.

Нејзините плодови се богати со различни заштитни материи,кои содржат минерали,витамин А,витамин Ц,калиум и растителни влакна. Црвената тврда топчеста форма ја има  поради присуство на голема количина на витамин Ц и е со кисел вкус.

Brusnica

Освен тоа брусницата како лековита билка е оддамна позната,од листовите и плодовите се прават чаеви, во свежа форма се прават сокови, плодовите можат да се чуваат замрзнати или сушени, а може да се припремат и вкусни џемови и јадења.

Свежите брусници,сок,замрзнати или сушени се природен антибиотик кои ги уништуваат штетните бактерии во телото.Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство што го покажале испитувањата, дека брусниците можат да спречат појава на инфекции на уринарниот тракт (Е. Колли бактерија), а исто така дејствува за уништување на Хеликобактер (бактерија) , која е причинител на чир на желудникот, го намалува ризикот од појава на болести на забите и забното месо.Исто така состојките на брусницата го намалуваат ризикот од појава на карцином како што се рак на градите и дебелото црево, и во спречува неговото ширење по телото.Брусницата помага при обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта што е корисно за дијабетичарите. Нејзините плодови се доста ценети во исхраната кај луѓе подложни на стрес и кардиоваскуларни болести.

Брусницата како намирница се употребува за торти и колачи,овошни сокови и друго.  Доколку се преработат плодовите во сок, чај, џем се вистински извор за здравјето.

Како дејствува брусницата? 

Најчеста и најнезгодна бактерија на уринарниот тракт, Е. Коли која се лепи на уринарниот тракт. Но сокот од брусница на некој начин го спречува лепењето на опасните бактерии за уринарниот тракт, така што урината полесно ги исфрла од телото.

И покрај толкуте корисни својства на брусницата, никако немојте да бидете „сами лекари“. Доколку мислите дека имате инфекција на уринарниот тракт (печење,или болки во стомакот како најчести симптоми), секако посетете лекар.Секоја инфекција може да доведе до поозбилни компликации.

Чист стопостотен сок од брусница пред се може да најдете во продавници за здрава храна. Цената не е ефтина, но секој ќе процени колку е важно здравјето.

   Брусница-чај од брусница:

Брусницата е антибиотик,а најчесто се користи за лечење на органите за мокрење.Чајот е користен при грчеви на меурот и воспаление на бубрезите,помага кај луѓе што патат од гихт и реума.

  Начин на подготовка:

Доколку на упатството од амбалажата не е поинаку образложено,кафена лажица или филтер кесичка потопете со 0,2 л жешка вода. Поклопете го и оставете да отстои 5 до 10 мин.Процедете го и напиете се свежо приготвен чај.

Публицитет.мк 

Посетеност: 190
Share
Previous Post

Европски здравствени експерти во посета на Охрид

Next Post

Од денеска меѓународна конференција за Свети Климент Охридски во Охрид

Next Post

Од денеска меѓународна конференција за Свети Климент Охридски во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 190

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk