Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.
Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да се земаат по две лажици дневно.
Употреба: Лененото семе треба да се употребува смелено бидејќи на тој начин може да се искористат неговите лековити својства. Можете да се додава во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или пецива.
Лененото семе штити од рак, инфаркт, ја обновува цревната флора…Тоа е еден од најголемите извори на природна целулоза и незаситени масни киселини омега-3, омега-6 и омега-9, и содржи 27 различни анти-канцер состојки.
За зајакнување на организмот
Дневно земајте 2 лажици смелено ленено семе, помешајте го со овошен сок, јогурт, бело кафе, супа или чорба. Семето треба да биде свежо смелено!
Против болести на срцето
Измешајте 3 лажици ленено масло со 6 лажици младо немасно сирење и матете го тоа со миксер 1 минута. Доколку смесата е прегуста додадете 2 лажици млеко. Јадете го ова секое утро на празен стомак.
За намалување на холестеролот
Измешајте по 100 гр. смелено ленено семе, сусам и сончоглед и 100 гр. кокосово и крупно мелено пченкарно брашно, ставете го во чиста тегла. Секое утро 30 дена, на празен стомак земајте по 2 лажици од оваа мешавина и промешајте ги во јогурт. Сигурно ќе го намалите нивото на холестеролот во крвта.
Превенција против рак
Смелете 2 лажици ленено семе и додајте пола шоља или една шоља свежоо избледирано овошје. Најдобро е да користите боровница, малини или јагоди, бидејќи содржат елагична киселина, супстанца која е незаменлива во борбата против ракот, ама наместо нив може да ви послужат и цреши, јаболки, праски, ананас, банани, помаранџи, рибизли и грозје. Доколку смесата е премногу густа, додадете свежо цеден сок или млеко.
2 рецепти против запек
Секое утро на празен желудник, изедете 1 лажица сурово семе. Џвакајте го што подолго. Потопете 1 лажица ленено семе во шоља со млака вода, оставете да остои 6 сати, водата истурете ја, а семето изедете го пред спиење.
За болести на желудникот
1 лажица од корен од гавез измешајте со 1 лажица ленено семе, потоа ставете 2 dl ладен чај од камилица. Привремено измешајте го чајот со дрвена лажица, а по 2 часа процедете го и пијте го незасладен, пола сат пред јадење, 2 до 3 пати на ден.
Слуз од ленено семе
Кога семето од лен ќе се потопи во вода настанува слуз, а во неа се наоѓаат сите лековити својства. Слузот на заболен желудник прави таканаречен фил, го покрива, го обложува, штити и ги ублажува воспаленијата.
Регулатор на притисокот
Семето содржи и растворливи и нерастволиви билни влакна и тоа повеќе од повеќето житарици. Единствен е и по тоа што содржи тагландин, супстанца која го регулира крвниот притисок и функцијата на артериите.
Публицитет.мк