• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО – Охрид: Лимонтусот има широк спектар на употреба

септември 7, 2017
in Uncategorized

Прашкастите производи на „Алпојо“ – Охрид  се неопходна состојка за приготвување и зачинување на голем број јадења и десерти. Користете го Лимонтусот на  кој го збогатува вкусот и дава неверојатна свежина и квалитет!

Лимонтусот или лимонската киселина е адитив кој често се користи во домаќинствата, особено за подготовка на зимница. Има својства да го забрзува процесот на гелирање при подготовка на џемови и да ја задржува бојата на овошјето. Обезбедува кисел вкус на зимницата. Лимонтусот е спакуван во практично мало пакување и е со проверен и стандарден квалитет.

Сок од грозје

Искористете ја сезоната на грозјето на вистинскиот начин, така што дел од ова здраво и вкусно овошје ќе го претворите во сок кој ќе го консумирате преку цела година.

Искусните домаќинки кои секоја година подготвуваат слатка зимница, ве советуваат да го пробате следниов рецепт.

  • 5kg црно грозје
  • 1,5l вода
  • 800g  шеќер
  • 20g лимонтус

grozje110

Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата.

Добиениот сок ставете го во длабок сад, исчистете го од семките и лушпите кои ќе излезат на површина, па додајте го шеќерот и лимонтусот. Варете додека течноста не зоврие.

Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и добро затворете.

Брзо и едноставно, а корисно. Освен како сок, овој сируп од грозје може да го користите како сос за десерти.

8ce31f4edd91b3106c4990e3255514d3 L

 

Сок од вишни

3 килограми вишни

2 литри вода

3 пакетчиња лимонтус

шеќер по потреба

Вишните ги миеме добро и ги гмечиме со раце. Пасираме добро втријувајќи ги вишните на цедалката Откако ја завршивме оваа постапка додаваме лимонтуси и вода и оставаме да стои 24 часа. Потоа сокот го прецедуваме и мериме колку течност има. Колку течност ќе ни испадне толку шеќер ставаме (или по вкус и потреба). Го промешуваме добро и ги полниме шишињата. Добро ги запечатуваме. Така затворени се вријат 30 минути.

slajd 7

Трик за одзатнување на одводот без хемикалии – со лимонтус

Време е да посветиме една статија и на домаќинството, поконкретно на еден секојдневен проблем – затнатиот одвод на мијалникот, кадата, туш кабината, WC шолјата…

Луѓето кои постојано се среќаваат со овој проблем користат хемиски средства, не знаејќи дека постои еден поедноставен и супер начин.

За таа цел, ви предлагаме да се пробате себе во улога на водоинсталатер, а потребни ќе ви бидат само обична сода бикарбона и лимонтус.

Сода бикарбоната и лимонтусот се одлична природна комбинација која спасила илјадници мијалници.

Пред да го започнете процесот на одзатнување на одводот, ослободете се од вишокот вода. Потоа, налејте во „запушениот“ одвод половина чаша лимонтус и иста количина сода бикарбона.

Со слаб млаз сипете топла вода, отприлика една чаша.

Ќе ја видите хемиската реакција меѓу содата и лимонската киселина во вид на пенење.

Оваа мешавина ќе ги раствори ситните парчиња од храна, маснотија, коса, ќе ја исчисти нечистотијата и бактериите, што ќе спречи ширење на непријатни миризби. После десет минути пуштете врела вода да го измие одводот. Доколку не сте успеале со првиот обид, повторете ја постапката уште еднаш.

Како што ќе можете да видите, нема голема филозофија околу чистењето, но она што е важно е дека понекогаш морате да се вооружате со трпеливост бидејќи оваа постапка морате да ја повторите еднаш или два пати, ако е вашиот одвод силно затнат.

36203 282910254959 6360945 n

Депилација со шербет и лимонтус

Потребни се: шеќер, вода и лимонтус. 
за течна смеса: 
Шест лажици шеќер се ставаат во метално чинивче на жешка рингла и чекаш да се стопат, додаваш шест лажици вода и пола пакетче лимонтус. Мешаш нонстоп додека се згусне и добие бледо портокалова боја. (Ако стане јако како за правење лижавче-петле, фрлај се и почни отпочеток!) Го тргаш од рингла и го ставаш во поголема чинија со ладна вода. Земаш дрвено стапче, земаш од смесата, мачкаш на нога, врз “шербетот” ставаш било какво парче платно, да речеме исечена стара маица, и нагло повлекуваш. 
за погуста смеса: 
Дванаесет лажици шеќер се топат со пола пакетче лимонтус. Кога ќе добијат златно-жолта боја се трга смесата од оган и се лади над ладна вода. Полека се зема дел по дел во рака и се меси. Кога целата смеса ни е во рака, се распостила на нога и се залепува добро. После се откорнува. И така залепи одлепи насекаде.

Публицитет.мк 

Посетеност: 64
Share
Previous Post

Утре, петок момците од Backdoor Band празнично ќе свират во Aquarius!

Next Post

Во ОМУ „Методи Патчев“ вечерва хуманитарен концерт

Next Post

Во ОМУ „Методи Патчев“ вечерва хуманитарен концерт

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 64

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk