• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО – Охрид: Мелена и свежа буковка нека се дел од Вашето омилено мени (2)

април 25, 2021
in Uncategorized
АЛПОЈО – Охрид: Мелена и свежа буковка нека се дел од Вашето омилено мени (2)

Мелената буковка од АЛПОЈО – Охрид е произведена во еколошки чистата и здрава околина. Во продажната мрежа во Охрид и регионот побарајте и свежи печурки Буковка во пакувања од  препознатливиот бренд АЛПОЈО – Охрид.

Буковката (науч. Pleurotus ostreatus) е јадлива, извонредно вкусна печурка која можеме да ја сретнеме во природата, но може и успешно да се одгледува. Во светот, оваа печурка е позната под името шумска острига (поради изгледот кој потсетува на школка). Оваа печурка расте на дрвјата и од нив извлекува многу здрави и хранливи материи кои и се потребни за раст и развој, а нам ни обезбедуваат низа на поволни влијанија.

Многу интересен факт за неа е тоа што освен дрвото, таа како храна може да користи и животинско месо, преку специјален механизам.

melena

Благотворното дејство на буковката први го откриле Кинезите, каде денес најчесто се користи сушена или во прав, а Европејците почнале да ја употребуваат кон крајот на минатиот век.

 

Крем супа со печурки и зеленчук

Состојки
50 грама путер
100 грама грашок
100 грама морков
100 грама компир
150 грама маринирани печурки
100 грама карфиол
1 жолчка
1 павлака
пола китка магдонос
3 чешниња лук
2 коцки за супа
1,5 литри вода
по вкус сол, мешан сув зачин, црн мелен пипер

Навистина убава крем супа која брзо и едноставно се приготвува. 

Чекор 1
Морковот, печурките и магдоносот се сецкаат. Компирот се ренда. Карфиолот се двои на мали делчиња.

Чекор 2
Се става путерот да се растопи и се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат грашокот, морковот и компирот исто така малку да се пропржат. Се додава водата, коцките за супа, зачините и карфиолот.

Чекор 3
Кога супата ќе биде речиси готова, се мати жолчката со вилушка и се меша со павлаката. Полека се додаваат на супата. Потоа се додава магдоносот и лукот кој во меѓувреме сте го истолчиле.

 sveza

Свинско со печурки и бело вино

Состојки
1кг. свинско месо(може и бело пилешко месо)
500гр. печурки
2 кромидки
3 моркови
200гр. чаден свински бут
1 чаша бело вино
500мл. неутрална павлака
оригано,бибер,м.зачин и магданос

Наш предлог за вкусна тава, за ручек или вечера во домашна атмосфера со најблиските.
Подготовка.
Месото од навечер го накиснуваме во вода колку да го покрие,сипете го виното,ставете ги кромитките.Утредента досипете вода околу половина литар и почнете полека да динстате на тивок огин.На половина варење додадете ги морковите и продолжете со варење,проверувајте го месото да не се превари.
Кога месото е сварено сипете го во земјена тава,морковите иситнете ги на кругови,кромидот испасирајте го.Во тава за пржење ставете го ситно исецканиот бут и пропржете,потоа додадете ги печурките па морковите пржете неколку минути.Во тавата додадете ја неутралната павлака да прокрчка две минути и целата смеса сипете ја во земјената тава.Пред печење додадете ги зачините и половина вода во која се вареше месото.Печете на 220 степени половина час со капак и уште петнаесетина минути без капак.

 

bukovki

Печени буковки

Овие печени буковки се месни, сочни и крцкави на рабовите. Имаат благ вкус на умами, кој е доволно разновиден за да придружува секое солено јадење. И тие се супер едноставни за правење.

1. Загрејте ја рерната на 230 °C
2. Додека печката се загрева, подгответе ги печурките. Одделете ги гроздовите на индивидуалните печурки. Нежно исплакнете ги и исушете ги со хартиена крпа. Користете нож за да отсечете и отфрлите какви било нечисти или цврсти делови на крајот на стеблото. Ако која било од печурките е многу поголема од големината на залак, исечете ги или расечете ги на половина по должината на стеблото.
3. Подгответе сад за печење нареден со алуминиумска фолија. Попрскајте лесен слој на маслиново масло на фолијата. Ставете ги печурките на фолијата. На нив испрскајте лесен слој маслиново масло и зачинете ги со сол и бибер.
4. Кога рерната се загрева, ставете го садот за печење печурки во рерната. Печете се додека долниот дел на печурките не биде светла и златно кафеава, околу 12 минути. Извадете го садот за печење од рерната. Превртете ја секоја од печурките и вратете ги во рерната додека другата страна не биде златна, 8-10 минути.
5. Послужете веднаш.
 
Празници се ближат – решение за сите грижи околу трпезата има во АЛПОЈО Liquor & Spice Store на улица „Марко Нестороски“ 62 ВО Охрид .
3c8012d979fd86e6ac2021c056c08a14 L
 
Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Гоце Маркоски

Next Post

Најновиот сингл од „Силви Бенд“ – На Велигден

Next Post
Најновиот сингл од „Силви Бенд“ – На Велигден

Најновиот сингл од „Силви Бенд“ - На Велигден

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk