Пивото е еден од најстарите и најраспространетите пијалаци низ светот. Toa e третиот најпопуларен и најконсумиран пијалак, по водата и чајот. Летото пристигна, горештините доаѓаат. Спасот е во голтка студено пиво. Во нашиот Liquor & Spice Store на старата добра локација на „Марко Нестороски“62, набавете пиво за лична – домаша употреба но и за Вашите кафулиња и ресторани. Ве очекуваме.
Пивото се споменува уште во некои од најстарите познати ракописи. Кодот на Хамураби од 1754 п.н.е. содржел правилник со кој се регулира производството на пиво.
Пивото е алкохолен пијалак кој се прави со ферментација на житни растенија – најчесто јачмен, хмељ и пченка, а некогаш се користи и оризот. Јачината на модерните пива е меѓу 1 и 10 проценти алкохол.
Сите сме го слушнале она: ,,Пивото е здраво.”. Но, дали е тоа вистина? Во моја мера? Кога е премногу?
Историјата и традицијата на македонското пиво почнува пред 98 години кога во погоните на „Парна Пивара“- Скопје излегло првото буре и шише со „скопско“. Тоа е воедно и првото македонско пиво, кое денес е синоним за „најдоброто од Македонија“ и е еден од националните обележја.
Во архивите на скопската пиварница е забележано дека во 1922 година чешките инжинери Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник инвестирале тогашни три милиони динари и на истото место каде што е денеска ги изградиле првите погони на „Парна пивара“. Тогашната скопска била прва од таков вид јужно од Јагодина. Првите литри пиво произведени по чешки рецепт и суровини измешани со скопска бунарска вода биле произведени во 1924 година. Од тогаш до ден денешен пивото се прави по ист рецепт, од квалитетен пивски јачмен увезен од Чешка, хмељ, слад и од пивски квасец. Скопската вода на пивото му го дава посебниот вкус и квалитет. Според историските податоци, во првите години пивото се родавало точено во буриња и во стаклени шишиња од 0,75 литри. На шишињата било изгравирано „Парна пивара АД у Скопљу“, рачно се втиснувала тапа и се запечатувала со восок. Во 30тите години од минатиот век се појавиле и првит етикети на кои пишувало „скопљанско експортно пиво“.
По Втората светска војна „скопљанското“ станало „непастеризирано бело пиво“, а потоа „скопско“, По војната Чесите си заминале, а пиварницата била национализирана.
Почетокот на 90-тте години се златната ера на „скопско“ и на скопската пиварница. Во 1991 година во скопските погони се полнат првите лименки со пиво и со кока кола на територијата на поранешна СФРЈ. Тие години ќе останат запаметени и по маркетинг кампањите и слоганот „Скопско и се е можно“.
За квалитетот на „скопско“ сведочат и многубројните златни медали од „Монд Селекшн“ во Брисел, каде што во селекција меѓу 400-500 видови пиво од цел свет „скопско“ е рангирано меѓу најдобрите. „Скопско“ се пие во Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Австралија, САД, Швајцарија, Холандија, Италија. Во 1993 година на македонскиот пазар се лансира и посилната варијанта на „скопско“ -„стар лисец“ со одлична маркетинг кампања но со краток век на траење. Нешто подоцна почна да се произведува и „горско“ пиво, а од 2009 година се лансира и „скопско силвер мун“ како летна освежителна варијанта.
Публицитет.мк