
Христијана Матеска, тинејџер, средношколец во државното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, музичар, хармоникаш.
Животот е една композиција на која треба да се посветиш, да работиш за на крај да ја изведеш точно и да оставиш некаков белег во историјата на човечноста. Секој живот започнува со раѓање, ‘роденден е денот што го чекаме’ нели?
Роденденот за мене претставува созревање… ден кој го обележува денот на нашето раѓање. Обично велат на ‘твојот’ ден прави што најмногу сакаш. Затоа јас овој корона роденден ќе го поминам свирејки за таква да ми биде цела година, подоцна ќе го одбележам со моето семејство кое го сакам повеќе од се’. Како дополнително и необично ќе биде дружбата на платформата ’Zoom’ на која ќе го поминам врмето со моите блиски пријатели кои ми го разубавуваат животот.
Публицитет.мк







