Најголемата планина во југозападна Србија, природен парк и биосферски резерват Голија, од 2001 год. е под посебен степен на заштита на UNESCO, каде е дозволено селективно и ограничено користење на природните богатства.
На тоа место се наоѓа фабрика за производство и пакување на природната изворска вода ИВА и природната минерална вода БИСТРИЦА.
Длабоко, во срцето на Голија, на 700 метри надморска височина се наоѓаат изворите на ИВА и БИСТРИЦА.
Овој предел е потполно ненаселен, покриен со развиена вегетација на букова и дабова шума, која обезбедува долготрајна и стабилна заштита на изворите од загадување.
Кликнете на линкот и одблиску видете каде се полни и произведува водата ИВА
http://www.aquacom.rs/promocije.php
ВОДАТА Е ЖИВОТ …
ИЗВОРИ
- Грабовичка Бања-Вода Ива
Проценета длабочина од која извира водата е 400m,
Температура на водата 17˚C
- Вода Бистрица
Се полни на длабочиња од 67 м. Температура на водата 14˚C
КОМПЛЕКС
Комплекост за производство е изграден на површина од 3ha 71ar 99m² и се состои од: дел за производство, лабаратории, енергетски блок, објект за третман на отпадни води и потребната инфраструктура.
Постројката за полнење шишиња е модерен објект со опрема која ги исполнува барањата на меѓународните стандарди, како што начинот на полнење дава важен печат на квалитетот на водата.
Во фабриката вградена е опрема за подготовка на природната минерална вода за полнење во ПЕТ и стаклена амбалажа
Нашите технолошки процеси ги чуваат природните ресурси и околина, значително ја намалуваат емисијата на гасови, како и влијанието на ефектот на стаклена градина.
ПРОИЗВОДСТВО
Процесот на производство е автоматизиран со систем, особено таканаречената „чиста соба“ во
моноблок, така што човечкоит труд се сведува на управување со контролни панели и со сервисирање на опремата со суровини.
Во фабриката има модерно опремена лабараторија каде постојано се врши контрола на микробиолошката и физичко-хемиската безбедност, и тоа во интервали од 15минути во текот на производството.
ТЕХНОЛОГИЈА
Со оглед на тоа дека постројката за полнење шишиња, се наоѓа во заштитено подрачје од страна на државата и УНЕСКО, во текот на производството посебен акцент е ставен на програмата за заштита на животната средина преку оптимално искористување на ресурси, користење на современи технолошки решенија и опрема, третман на отпадни води и рециклирање.
Со цел да се подобри квалитетот на производот, а со тоа и да се заштитат потрошувачите, индустријата за вода AQUA COM кон крајот на 2008 година се вклучи во процесот на воведување интегриран систем ISO 9001:2008 RECOMMENDED INTERNATIONAL CODE OF PRACTICE GENERAL PRINCIPLES OF FOOD HYGIENE CAC/RCP 1-1969, Rev.4 – 2003.
ПРОИЗВОДИ
Вода Ива
Големината на шишињата се прилагодени за Вашите здрави навики. Кога брзате, спортувате, пешачите, возите велосипед… Кога Вашите деца одат на училиште, патувања, одмор, кога уживате и работите, кога планирате и победувате, Вашата Ива е секогаш со Вас.
Вода Ива- Посебна…Природна…
Голијска Бистрица
Газираната природна минерална вода Голијска Бистрица ни пристигнува во различни големини. Во секое време покрај Вас, кога прославувате, кога се релаксирате, кога сакате дополнителна енергија, кога Ви е потребно вистинско освежување.
Бистар извор за бистар избор- вода Бистрица.
ХЕМИСКИ СОСТАВ
- Вода Ива
- Состав во мг. во 1L се:
- Калциум (Ca++) ……….……………………..50.9
- Магнезиум (Mg++) ……..……….………… 18.3
- Натриум (Na+) ………….…………………….5.28
- Калиум (K+) ……………………………………0.806
- Бикарбонати (HCO3 –)….……………………234.2
- Сулфати (SO4—) ………….……………………8.4
- Хлориди (Cl–) ……………….………………… 2.8
- Сув остаток на 180 °C………………………225
- Голијска Бистрица
- Состав во мг. во 1L се:
- Калциум
- (Ca++) …………..1.2
- Магнезиум
(Mg++) …………..1.16 - Натриум
- (Na+)……………..212
- Калиум
- (K+)………………1.72
- Бикарбонати
- (HCO3 –)…………415.3
- Јаглен-диоксид
- (CO2)………..min 3000
- Сулфати
- (SO4—)…………….43.7
- Хлориди
- (Cl–)………………..7.8
- Сув Остаток на 180 °C………….. 603
ЗДРАВЈЕ
Вода ИВА
Негазирана природна изворска вода со ниска и добро избалансирана содржина на растворливи минерални материи (225mg/L), поволен сооднос на калциум и магнезиум, содржи низок степен на натриум, има отсуство на токсични микроелементи, повона pH вредност, која има благотворно влијание врз човечкиот организам.
Идеална е за целата популација- млади, стари, здрави, болни, гојазни…
Може да се конзумира во неограничени количини, без оглед на состојбата на здравјето на потрошувачот.
Голијска Бистрица
Газирана природна минерална вода со добро избалансирани основни состојки, поволен сооднос на калциум и магнезиум, содржи низок степен на натриум, има отсуство на токсични микроелементи, која има благотворно влијание врз човечкиот организам.
Идеална е за целата популација, може да се конзумира во неограничени количини, без оглед на состојбата на здравјето на потрошувачот.
БИДЕТЕ ЗДРАВИ
Водата е најздравиот пијалок на светот! Секојдневното внесување н апотребната количина на вода Ива, го намалува уморот и малаксаноста. Со внесување на водата Ива, ги елиминирате штетните фактори кои по пат на храна и воздух ги внесувате во Вашиот организам.
Најдобар начин за да се избегне дехидрација е секојдневно да се пијат адекватни количини на Ива вода. Знаците како што се заморот и главоболката, може да бидат порака од нашето тело, дека има недостаток на вода.
Чиста вода, освежителна и без калории е најдобар избор. Во текот на спиењето, телото губи течности, па така често се будиме мамурни. Она што најдобро ни ја враќаенергијата за остатокот од денот е Ива вода.
Научниците утврдиле дека луѓето кои имаат навика да пијат најмалку осум чаши вода, имаат побрз метаболизам од оние кои пијат помалку вода. Водата Ива помага побрзо да се отстранат токсините во организмот.
Секогаш кога ќе почувствувате потреба за храна, прво напијте се чаша вода. Водата помага во одржување на здрава телесна тежина. Спортувајте, пешачете или возете велосипед. Тогаш не заборавајте дека на Вашето тело потребата за вода е уште поголема.
За убавина и нега постои еден од најважните и наједноставен услов- Ива вода! Кога се внесува доволно вода, тогаш тоа е корисно за сите органи- органите за варење, кардиоваскуларниот систем, функцијата на мозокот, но исто така и за забите, косата, кожата.
Водата Ива помага да се задржи Вашата кожа мека, еластична, свежа и млада.
Голијска Бистрица е минерална вода. Минералните води како што е Голијска Бистрица, со сув остаток од 603 mg/l се најпогодни за целото семејство. Денес се повеќе се користат води со ниска или средна минерализација, со избалансиран однос на макро и микро елементи.
Бидејќи ваквите води телото полесно ги прифаќа, тие имаат позитивно влијание на здравјето на сите категории на населението и може целосно да ја замени обичната вода за пиење, што не е секогаш случај со водите кои имаат повисок степен на минерализација, при што неограниченото и долготрајно конзумирање може да биде штетно.
Голијска Бистрица ги ублажува тешкотиите, доколку сме претерале со обичен оброк, силно кафе или конзумираме големи количини алкохолни пијалоци. Голијска Бистрица можеме да ја пиеме целиот живот, природна е и потполна безбедна.
Публицитет.мк