Ванилинот шеќер е мешавина од кристален бел шеќер и ванилин шеќер. Го нагласува мирисот на ванила на разни видови теста за торти и колачи, кремови, преливи. Во продажната мрежа побарајте го со заштитниот знак на АЛПОЈО Охрид.
Ванилиците на баба
Меки, миризливи, вкусни веќе превкусни, се топат в уста, ова се најубавите ванилици кои ги имам пробано, совршени се, а рецептот е од архивот на баба со мала модификација од мене. Од оваа количина се добиваат 20 ванилици, ако сакате повеќе, дуплирајте ја или триплирајте ја дозата.
Се замесува тесто од сите состојки и се става во фрижидер 20тина минути.
Потоа тестото на намастена површина се расукува во дебелина од 1,5 цм и со помош на чаша се вадат форми, јас вадев месечинки (види слика).
Се печат на намастен плех 180 степени околу 20 минути или додека не поруменат.
Кога ќе ги извадите од рерната, оставете ги 2-3 мин во плехот и после нежно земајте една по една ванилица и прпелкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале едно пакетче ванилин шеќер.
Правете го тоа полека зашто ванилиците се многу ровки и може да ви се кршат. Можи веднаш да се косумираат, нема потреба да отстојуваат ден или два.
Чувајте ги во лимена кутија.
МАДЛЕН СЛАТКИ
СОСТОЈКИ:
5 јајца
125 грама шеќер
1/2 лажичка ванилин шеќер
125 грама брашно
125 грама маргарин или путер
80 грама мелени бадеми
Ги матиме пенесто јајцата со шеќерот и ванилата. Го додаваме најпрвин брашното и промешуваме. Путерот го растопуваме и кога ќе подистине го додаваме во смесата.
Мелените бадеми ги додаваме и добро промешуваме да ни се изедначи смесата.
Калапчињата за печење ги подмачкуваме со путер или маргарин и брашно. Смесата ја истураме во модличките.
Ако сакате можете по малку да ги залиете со шербет или да ставите и грозје. Ги печеме на околу 180 до 200 степени околу 15 минути или зависно од јачината на рерната.
Публицитет.мк