Деновиве АЛПОЈО – Охрид стана застапник за богатиот и квалитетен асортиман на вина од Винаријата QUEEN MARIA од Демир Капија.
Одблиску Ве запознаваме со Винаријата QUEEN MARIA со долга традиција и одлични вина. Во Охрид и Струга благодарение на АЛПОЈО вината на QUEEN MARIA ви се на дофат. Пробајте ги – Наздравје!
Со Крал е Започната…
Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одгледување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да ја изгради својата винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.
Раните Почетоци
Меѓу другото кралскиот имот вклучувал болница, црква, детска градинка како и надалеку познатата луксузна вила изградена за Кралицата Марија – “Вила Марија”. Во 1928 година, по назначувањето на Милош Леовац од Белград за одговорен од страна на кралот, производството започнало. Вино со извонреден квалитет било произведувано во подрум со капацитет од 500 000 литри. Тоа било ферментирано во четири стаклени базени дизајнирани во Австрија и било чувано во дабови буриња со капацитет од 4000 до 6000 литри. Кралското семејство давало се од себе нивниот имот да ги има сите потребни услови за да се реализираат големите амбиции.
Со Посветеност, Приказната Продолжува…
Речиси еден век подоцна, винарската визба и имотот се во приватна сопственост, реновирани и модифицирани за висококвалитетен производ. Идеата е да се искомбинира шармот на минатиот век со модерната едноставност. Секој елемент, секоја зграда, секоја капка вино произведено во Кралската Винарија Кралица Марија денеска ја претставува историјата, географијата, климата и есенцијалниот човечки елемент – перфектен баланс помеѓу моќта и финесата, традицијата и модерноста.
Доследни на Нашите Корени
Мешавина од великодушност и амбиции! Кралска Винарија Кралица Марија е остварен сон на Крал Александар I Kaрaѓорѓевиќ и Кралица Марија Караѓорѓевиќ. Заедно нашите основачи се посветиле кон создавањето на место и вино со инзвореден квалитет. Оваа единствена визија дефинира се што денес правиме овде. Секоја капка вино произведена во Кралската Винарија Кралица Марија е доследна на оваа единствена мисија, денес, и за генерациите кои што доаѓаат.
Плава Крв
Доколку би ги опишувале вината користејќи ликовна терминологија, Плава Крв е Мона Лиза – кога комбинацијата од сите елементи (читајте грозјето, почвата, времето, и др.) создаваат една енигматична, а воедно прекрасна креација одредена да трае. Плава Крв е безвременска рефлексија на нашите лозови насади. Ова извонредно вино се изразува себеси во комплексните ароми, вкусот и посебно во својата текстура.
Нос
Плава Крв содржи комплексни ароми слични на шумски плодови, богати танини, чоколадо и ликер. Ароми на црвени овошки и бобинки доминираат над носот, префрлувајќи се на капини, цреши и црни рибизли.
Уста
Ова е добро избалансирано вино, нежно, но и моќно истовремено. Танините се мазни и добро интегрирани, а вкусот ги прати аромите, полн, со нежна структура и хармонија.
Завршеток
Елегантно избалансирано! Полуслатката киселост на ова вино обезбедува умерено траен завршеток со карактеристичен џемаст вкус.
Комбинација со Храна
Плава Крв е совршено вино во комбинација со печено месо, свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.
Blue Sapphire
Со цел да ја предизвикаме и скршиме традицијата од црвени вина, бели вина па и розови вина, Ви го претставуваме нашиот Blue Sapphire. За сите оние кои што се во потрага по “наредната голема работа” во винскиот маркет – нашиот енолог направи одлично сино вино. Blue Sapphire се истакнува со силна свежина, овошни вкусови и карактеристична азурно сина боја.
За ова вино нема сезона. Одлично е и во топлите летни денови, како и во студените зими. Пиете го изладено но не премногу ладно. Затворете ги очите и дозволете прекрасните овошни и цветни ароми да ве понесат до вровот од каде што доаѓа и ова вино… Животот ќе Ви биде многу подобар!
Комбинација со Храна
Blue Sapphire оди најдобро со зелени салати, сирења, бело месо, риба и морска храна.
Берба
Генерално, бербата се одвиваше одлично без некои значителни врнежи од дожд. Условите беа одлични.
Публицитет.мк