Во продажната мрежа побарајте желатин со заштитниот знак на АЛПОЈО – Охрид.
Желатинот е составен од амино киселините глицин и пролин, но многу луѓе не го употребуваат соодветно. Се наоѓа во коските, влакнестите ткива и во органите на животните, но не ги косумираме тие делови веќе многу одамна. Овие аминокиселини се потребни не само за кожата, косата или ноктите за да растат, туку и да може оптимално и имунолошки да функционира и телесната тежина. Глицинот што сочинува 1/3 од амино киселините во желатинот има силни анти-воспалителени својства кој може да помогнат побрзо да заздравуваат раните. Глицинот кој го има во желатинот може да помогне за подобар и поквалитетен сон.
Значи, желатинот е прекрасен суплемент за здравјето, кој исто така може и да се употреби во кулинарството како и за други потреби!
Желатинот наоѓа употреба и за:
– здрава кожа, коса и подобро растење на ноктите,
– добар е за зглобовите, за подобро да закрепнат,
– помага за затегнување на кожата,
– помага во дигестивниот тракт за подобро да помине храната,
– помага за отстранување на целулитот,
– помага за да се зголеми мускулната маса.
Еве неколку примери каде може да се употреби желатинот:
Домашно мачмалоу
Ова многу го сакаат децата, и со додавање на желатинот ќе биде поздраво. Потребни состојки се: мед, желатин, ванила и вода. Ова е лесно за да се направи, но може да се додаде и какао во прав или некои други варијанти по желба.
Третман на косата
Овој рецепт го испробав и бев многу задоволна од тоа каков ефект имаше на мојата коса. Се зема 1 мало лажиче од желатинот и се става во ½ чаша со ладна вода и се меша. Се зема ½ чаша жешка вода, 1 лажиче оцет и 1 лажиче мед и се меша за да се добие хомогена маса. Потоа се става на косата и се масира целата коса. Се остава да стои 5 минути и се мие со жешка вода и шампон. Ова направете го неколку пати во неделата за да ја добиете посакуваната дебелина на влакното, а потоа може и еднаш во неделата да го употребувате за да ја одржувате нејзината виталност.
Како да направите детско желе со витамини
Во многу продавници може да се купат витамини за џвакање со многу шеќер и со адитиви во нив. Овие домашни витамини за џвакање се одлична алтернатива.
Состојки: 8 лажици од желатинот, ½ чаша сок од портокал (од ананас нема да одговара), 2 лажици мед (кој не е задолжителен), витамини по избор, може витамин Ц, пробиотик, или магнезиум гранули кои се дробат.
Постапка: Во мала тава на тивок оган, се меша сокот од портокал, желатинот и медот додека да се загрее. Потоа се трга од оган и се мешаат витамините кои се употребуваат. Многу брзо се ставаат во мали модли, и потоа се остава во фрижидер околу 10 минути. Се отстранува калапот, и потоа може ако сакате да ги валкате во шеќер. Сервирајте ги и кажете им на децата дека се гумени мечиња и нема да знаат дека во нив има витамини! Ако сакате да го замените сокот од портокал може да го направите тоа и со комбинација на сок од манго или бозел.
Шампон за задебелување на влакното
Ако сакате поцврста коса, додате 1 мала лажица желатин во вашиот шампон и вашата коса ќе расте подобро. Исто така ќе добиете и на волумен веднаш. Ако употребувате домашен шампон ќе ви треба само ½ мала лажичка. Но, ако употребувате комерцијален шампон ќе ви треба цела лажичка или повеќе за да биде подобар ефектот.
Домашно желе
За да направите домашно здраво желе може сами да си ги одберете вкусовите, витамините или да се употреби вода од кефир или комбуха како база за витамините и пробиотикот! Секако и децата ги сакаат!
Како да се направи домашно желе:
Време за подготовка: 5 минути, време на желирање: 2 часа.
Состојки: 1 1/2 чаша органски или свеж сок по избор (грозје, ананас, портокал или микс од портокал и ананас), ¼ чаша ладна вода, ¼ жешка вода, 1 лажица од желатинот во прав, 1-2 чаши свеж сок од ананас, јагоди, боровинки или портокал. Може да се направи и дупла доза.
Постапка: Ставете ја ладната вода во поголем сад и ставете го желатинот во прав. Пополека мешајте додека да почне да се згуснува. Потоа ставете ја жешката вода и смесата ќе стане потенка. Ова комбинирајте го со сокот или направете микс. Ставете го овошјето во калап за да се направи како желе. (8х8 големина на калапот е најдобар) Ставете го желето преку овошјето и пополека промешајте за да биде овошјето добро обложено исто така. Ставете го во фрижидер покриено околу 2-3 часа, па потоа може да го сервирате. Потоа може да го сечете и се јаде со мало лажиче.
Уживајте!
Дигестивна помош
Запек? Дигестивни проблеми? Желатинот може да помогне!
Доколку имате проблеми со дигестивниот трак или со цревата, желатинот исто така може многу да помогне.
Помош за коските
Желатинот исто така помага за да бидат здрави коските, особено кај луѓето со артритис или повреди и болки на коските, и може да се дојде до заначителни промени со употребата на желатинот. Може да се употребува и кај оние луѓе кои изгубиле значителна тежина, имаат остеопороза, или за зголемување на јачината на коските или на ноктите на нозете. Желатинот ја подобрува состојбата на косата, ако е премногу кратка. Се употребува после вежбање или спортски повреди.
Маска за лице
Желатинот може да се употребува внатрешно, но може да се употребува и надворешно за зајакнување на кожата. Земете 1 мала лажица желатин со 2 лажици топла вода и 1 лажица свеж сок од лимон и јаболко. Сето тоа заедно измешајте го и таа смеса ставете ја на лицето. Оставете 15 минути да постои и исплакнете со топла вода.
Губење на тежина
За да се намалат килограмите исто така да се употребува и желатинот. Потребно е да не се јаде минимум 3 часа пред да се оди на спиење, и да се консумира минимум 1 лажица од желатинот пред да се легнува во кревет. Затоа се препорачува да се измеша во чај од камилица. Се зема 1/3 чаша ладна вода и потоа да се дополнат 2/3 од чашата со топол чај. Така се добива подобра текстура и вкусот е подобар.
Важно: Ако решите да го употребувате желатинот како суплемент, посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате некои медицински проблеми.
Ако го мешате желатинот во прав, и го додавате во течност, за да не ви се создадат грутчиња прво треба да измешате помала количина во ладна вода и потоа добро промешајте. Нека постои 2 минути, и потоа додадете топла вода. На овој начин желатинот е мазен. Не го употребувајте желатинот во прав со свеж ананас, киви или папаја, затоа што ќе ги инактивираат својствата за здебелување. Исто така, да не се врие желатинот бидејќи се губи способноста за задебелување.
Публицитет.мк