Семките од сончогледот се многу здрави за целиот организам.
Тие содржат многу хранливи и корисни состојки. Сончогледови семки се богати со омега 3 и омега 6 масни кисeлини, кои помагаат да се зачува влажноста на кожата и го спречуваат нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината еластичност и цврстина.
Содржат целулозни влакна, витамин А, витамини од Б групата и витамин Е кој е добар антиоксиданс.
Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржат полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина омега 6, кои се потребни за раст и обнова на клетките, намалување на холестеролот од организмот, мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а исто така да се намали лошиот ЛДЛ во крвта, заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.
Со редовно конзумирање на сончогледот се подобрува работата на бубрезите како и мочните канали. Наоѓаат широка примана и во пекарската индустрија, со што значително се збогатува вкусот и нивната хранлива вредност.
Сончогледот не е само занимација, тој прави многу за нас додека го јадеме. Ова се причините заради кои ќе посакате да уживате во него:
Здрави коски
Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.
Метаболизам
Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед.
Кожа
Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.
Холестерол
Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.
За побрзо варење на храната
Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.
Здравје
Сончогледот содржи и витамин Ц и антиоксиданси, кои се моќни борци против слободните радикали. Се смета дека сончогледот може да ја спречи и настинката.
Публицитет.мк