Винобранот е адитив кој се користи при подготовка на вино и конзервирање на разни видови овошја и зеленчук. Обезбедува свежина и зачувување на природната боја.
Винобранот или калиум метабисулфитот е адитив кој често се користи во домаќинствата при подготовка на вино, но и за конзервирање разни видови зеленчуци и овошја. Се додава за сулфурирање на виното, бидејќи ослободува сулфурен диоксид кој има бактерицидно дејство и на тој начин обезбедува поголема трајност на виното и задржување на неговата свежина и мирис. При конзервирањето на зеленчукот и овошјето, обезбедува нивна свежина и задржување на природната боја. Винобранот е спакуван во практично мало пакување и е со проверен и стандарден квалитет.
БРЗ И ЕФИКАСЕН РЕЦЕПТ ЗА ТУРШИЈА
Рецептот што ви го претставуваме денеска се подготвува за 30 минути.
Состојки:
500 г. кисели краставички
500 г. зелени домати
500 г. карфиол
500 г. моркови
150 г. феферонки
1 л. оцет
200 г. сол
400 г. шеќер
5 л. Вода
Барени Пиперки за Зимница
Состојки
50-60 чистени црвени пиперки од дршките и семето
1 литар алкохолен или вински оцет
400 гр шеќер
1/2 кесичка винобран
1 кесичка бибер во зрно
250 мл вода
200 гр сол
лук
магдонос
гранчиња од винова лоза
Начин на Приготвување
1Се прави солило од оцетот, шеќерот, водата, биберот, солтта и винобранот.
2Се зоврива и пиперките се спуштаат во солилото да провријат околу 1-2 минути
3Се вадат во садвнимателно една по една и потоа се редат во тегли
4Меѓу редовите се става магдонос и лукче
5Пиперките убаво се притиснуваат да се истиска воздухот, се ставаат по 2 гранчиња од винова лоза на површината и теглите убаво се се затвараат
3 ловорови лисја
1 лажичка бибер во зрна
1 винобран
1 конзерванс
Подготовка:
1. Стаклените тегли измијте ги и исушете ги.
2. Излупете ги морковите, а карфиолот исчистете го и исечете го на цветови. Останатиот зеленчук оставете го во целост, со тоа што добро ќе го измиете и исцедите.
3. Соединете ги водата, шеќерот, солта и оцетот, па оставете да зовријат. Тргнете ги од оган, додадете ловоров лист, бибер, винобран и конзерванс. Промешајте и оставете да се олади.
4. Во стаклени тегли редете го измиен зеленчукот, крастафичките, цветовите карфиол, доматот, морковите и феферонките, наизменично, додека теглата не се наполни.
5. Со оладениот прелив полејте го зеленчукот. Покријте со целофан и оставете на ладно и темно место.
Ајвар со шампињони
СОСТОЈКИ:
- 5 кг модри патлиџани
- 10 кг пиперки
- 2,5 кг шампињони
- 1,5 л доматен сок
- 1 л масло
- 3 главици лук
- 1 лажица бибер
- 1 рака сол
- ловоров лист по желба
- 1 винобран
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Испечете ги пиперките и патлиџаните па оставете ги во сад поклопени половина час, за полесно да се исчистат.
- За тоа време исечкајте ги шампињоните на парчиња па ставете ги да се динстаат. Кога ќе бидат на половина готови тргнете ги од оган.
- Исчитете ги пиперките и патлиџаните од лушпи и семки, па сомелете ги во машина за месо.
- Измешајте ги шампињоните, мелените пиперки и патлиџаните и мелениот лук, додајте масло, бибер, доматен сок и ловоров лист, па гответе ја смесата на среден оган со постојано мешање.
- Ајварот е готов кога сите состојки ќе се соединат, а маслото ќе исплива на површина. На крај додајте винобран и измешајте.
- Ставете ја врелата смеса во загреани тегли па ставете ги теглите на 100 степени 10 минути во рерна.
- Извадете ги теглите, затворете ги и оставете ги на ладно место.
Публицитет.мк