Цел живот, во текот на целата моја новинарска практика (која и не беше баш куса!) настојував и најгрдите нешта да ги искажам со мерка, без гнев и вулгарност, културно и внимателно. Ама,ете, и на тоа му дошол крајот (иако веќе од поодамна сум само бивша во професијата) – некои нешта не може и не заслужуваат учтива „обланда“!
Решил ГОСТИНОВ, не баш многу умно, во летото циганско 2017-то,септемвриско, да поарчи некои 1000 евра (е шо,пари ли се то?!) – во Охрид. Бисерот. И така, наивно и безумно, си резервирал тој (или таа,сеедно) уредно, безмалку цел месец порано, една недела (од 14. до 21.) во ДЕ ЛУХЕ соба по цена од 70 евра од ноќ (со попуст!). Ами шо, пари ли се то – за ДЕ ЛУХЕ прајме муабет бе љуѓеее! Проверка пред тргнување – резервацијата е во ред. Проверка на стигнување – да, резервацијата, по таа цена и за тој период (заклучно со 20-ти ноќта!) е во ред. Плаќање на крајот од престојот,со картичка – благодарам ДРАГИЦЕ!!!
И сетне – собата де лухе, терасата-стадион уште по де лухе (е добро де,летото е поминато, па на нејзе и не морат да имат опрема -лежалки, чадори за сонце… не је веќе толку топло…). Демек,саде мераци. Фрчат насмевки и љубезности, носат келнери собна услуга. убајни… и зато оној наивнион,од почетокот, саде фалби прашчат кундома. Ама, шубе некое- та на секое Гугле мапс прашање -оценете ја посетата – како јанза да го јајт, оцена не клават, чекат. Си велит – ај, на крај ќе клам некои три-четири… море можит и пет ѕвездички. И ич не клават дикат , онај наивнион, ко ќе слушат како келнерон си прајт муабет со некои тукашни, па им кажвит оту септембар било најубо, идале гости шо мојш да ги одериш оту најлесно оставале бакшиш, милина. Или ко велит онај другион -келнер, де – оту од пет сабајлето бил тука на работа, па од него било доста (а сатот десет… сабајле). Не, си велит пак наивнион – ние сме си наши, па зато си се послободни… инаку е со странцине. И малку го кжсвит змија ко му кажвит онај најнасмеанион од рецепција шо мака си имал со Корејцине – ногу биле тешки, ептен пребарвеле. Ај,си велит, тие и така не разбирет, можит си мислет оту то е нашата верзија на она првото, угостителско: ГОСТИНОТ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО!!! Башка,тешка е ова нивнава работа, угостителска (небаре јас му ја одбрав сосила професијата – за тој да ја работи… или не).
И наеднуш, понеделнички, на 18-ти – ѕвони телефонот, де лухе… ДРАГИЦА, милата… ама не,не ве барам вас… дајте ми го вашиот сопатник… Ај, си вели наивниион, мошж имет некаков муабет… Црн понеделниик. И гром од (уште ведрото) охридско небо: сметката ја плати вашиот сопатник, резервацијата – ево, пишит во компјутеров! (божем е втиснато во камен,па не можеле да преправат) – ви беше до денеска и… фалалепо мрш пријатно! А ДРАГИЦА никаде ја нема… сетики во некоја дупка, глувчешка, скриена.
Е сега вака, мизерни од Хотел Мизериум, Охрид (без срам сте си се крстиле Милениум…милениум на срамот!) – никогаш немаше да го кажам сето ова и мазно ќе си ги добиевте вашите ебени три-четири, а можит дури и пет Гугле мапс ѕвездички – да не ме ЛАЖЕВТЕ онака дрско и безочно, в лице, небаре сум малоумна. И да имавте мадина (ко шо ги немате – ни мжшко ни кобожем женско, накждравено) и отворено да ми кажевте – ни пречи вашата инвалидност, вашата грда отворена рана!!! Ќе здоболеше (какж шо здоболе во комшиското ем Бел,ем ве дере), ама бар ќе беше јасно. И ќе си знаев оту веројатно така ве учет во то големите угостителски чколии… оти гостинот е секогаш прав – таман за удирање клоца в… ај, сепак,не толку вулгарно…
И ќе речам (па и нека изгорам!) – вие,така мизерни и евтини, не го заслужувате ни случајно волшебниот и преубав Охрид… а тој, пак, вонвременскиот бисер Охрид бездруго не ве заслужува вас вакви, никакви! И ќе беше обезхрабрувачки и трагично ако малу потаму ги немаше Двата бисера – едниот од Коњско (знам, веќе ве слушам: ам тие, сељанине, ни го грдет градов…), ама господин човек со големо Г во празниот, а се уште отмен Инекс Горица и вторите, повеќемина беа, во лагадинско-пештанските Два бисера, кои, оттаму отсело, го обелија образот на самонаречениот „аристократски“ градски Охрид. Нека ви е наздравје „господштината,де лухе“!!!
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.
Публицитет.мк