Мак или афион се добива од афоиново семе. Потекнува од фамилијата Rannnunculales.
Постојат повеќе видови на афион кои имаат цвет со бела, розова, црвена, портокалова или сина боја,а на средина и се забележува темна дамка.
Традиционално афионот се користи за подготовка на разни пекарски производи, како што е ролатот со афионово семе.
Семето од опиумскиот афион се користи во многу делови на централна и источна Европа. Зашеќерените, сомелени зрна се јадат со тестенини или се варат со млеко и се користат за полнење или прелив на разни видови слатки теста. Мелењето на зрелите зрна се изведува индустриски или дома, аван или со рачен млин.
Афионот се користи за медицински цели, односно добивање лекови за смирување врз база на опијатските состојки на растението, како што се морфинот и кодеинот.
Афионот се произведува најповеќе во Австралија Турција и Индија, но се произведува и во Македонија за што сведочи и тоа што се наоѓа на нашиот национален грб.
ПОДГОТВЕТЕ ТОРТА СО АФИОН И БАДЕМИ
Маргаринот/путерот претходно треба да биде отстојан на собна температура да биде малку омекнат. Во него се додава шеќерот и се мати додека смесата убаво не се изедначи. Ги додаваме жолчките од јајцата и пак матиме, потоа ја додаваме кора од лимон и сокот. Ги додаваме и брашното, прашок за пециво, бадемите, макот и млекото и благо промешајте со лажица да се изедначат состојките.
Белките изматете ги со нотка сол во цврст снег потоа додадете 1 лаж масло и 1 лаж шеќер и повторно изматете. Беланецот малку по малку соединте со благо промешување соединете ја во смесата со жолчките. Калап бр. 24 намрсен и пробрашнете сипете ја смесата и печете во претходно загреена релна на 180 околу 40 минути. Можете да ја декорирате со чоколадна глазура, шлаг, а може и само така да ја служите. Јас додадов и 1 лаж какао, но тоа не беше според рецептот вие како сакате.
Публицитет.мк