Во сите рецепти има по нешто и од асортиманот на АЛПОЈО - Охрид
Крофни по рецептот од баба
Нејзината кујна е постојано мирисна, бидејќи таа има богатство од прекрасни рецепти кои се готват ширум бивша Југославија, од Словенија па до Македонија поточно Струга од каде потекнува.
1. Путерот треба да ни биде на собна температура. Квасецот со 1 лажица шеќер (од Алпојо), 1 лажица брашно и малку млако млеко го оставаме да се активира. Млекото го затоплуваме и од сите состојки замесуваме средно меко тесто кое го оставаме да стаса, да се дуплира.Ренданата кора од лимон ја ставаме по желба, исто така во тестото.
2. Потоа тестото го расукуваме со дебелина од 0,5 см и со помош на калапче или чаша вадиме кругови.
3. Ја загреваме тавата во која сме ставиле 3-4 прста масло. Кога малку ќе стасаат кругчињата ги ставаме во не многу врелото масло да се пржат. Ако маслото е многу врело ќе ни подгорат. Ги вадиме кога ќе поруменат и ги ставаме на салфетка.
4. Ги посипуваме со шеќер во прав низ сито или цедалка.
Јас правам и полнети крофни од ова тесто. Кругчињата треба да се нијанса потенки. На еден круг ставам 1 лажичка крем , па од страните со малку вода со помош на четкичка го влажнам тестото и го поклопувам со друг круг. Нежно притискам од страните да се залепат двете кругчиња тесто. Да стасаат некоја минута и ги пржам.
Имам членови дома кои не го сакаат мирисот и вкусот на лимонот во крофните инаку оригиналната рецепта мене лично ми е најубава.
Со белките што ви останаа, имате широк избор на рецепти кои ќе ви помогнат да ги искористите.
Состојки
300 мл млеко
4 жолчки
1 квасец
4 лажици шеќер (од Алпојо)
600 гр брашно
100 гр путер
рендана кора од лимон
1 ванилин шеќер (од Алпојо)
масло за пржење
крем за полнење
шеќер во прав за посипување (од Алпојо)

Старински колачи - ванилици со квасец
Овие ни се на сите добро познати, бабини колачиња.
Еве како ги правела мојата баба.
Најпрво квасецот со 1 лажиче шеќер се раствора во топлото млеко и се остава да се активира.
Во подлабок сад салото го матиме со шеќерот и ванилата.
Се додаваат жолчките, една по една, матејќи.
Се додава и малку солца (за адет), па активираниот квасец, ренданата кора и сокот од лимон. Се убаво се промешува и се додава брашно по потреба за да се замеси и добие средно меко тесо, кое не се лепи за раце.Се покрива со најлонска фолија и се остава на ладно или во фрижидер 2 часа.
Без да се премесува тестото, се кинат топчиња со големина на оревче, се расплескуваат на дланка, им се става мармалад, се собираат како да се гужваат.
Се редат во не намрсен плех или врз хартија за печење.
Се ставаат да се печат во загреана рерна околу 20 мин. на 200.
Ладни се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.
Се чуваат во лимена кутија или како што правеле нашите баби во тенџерче со капак. ))))
п.с.Можите да ги наполните со фил и од белите што ни останаа, 1-2 и мелени оревчиња со шеќер во прав, по 150-200гр..
Сладете се!
Состојки
За тесто
500гр. сало или свинска маст
5 лажици шеќер (од Алпојо)
2 ванили (од Алпојо)
4 жолчки
300мл. топло млеко
1 свеж квасец (40гр)
рендана кора и сок од 1 лимон или портокал
по потреба брашно (повеќе од 1кг)
За фил
по потреба и желба мармалад
За наросување или валкање
по потреба шеќер во прав (од Алпојо)
1 ванила (од Алпојо)
Публицитет.мк







