Акција за донирање – Дај малку, помогни многу!
По повод одбележување на американскиот Национален ден на служба и сеќавање на жртвите и преживеаните, како и на сите оние кои несебично помагаа при нападот од 11ти септември 2001 г., Американско катче Струга, во соработка со Црвен Крст – Струга и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје организира хуманитарна акција за донирање на храна, облека и училишен прибор.
Донациите ќе се собираат во просториите на Американското катче:
на 13-ти септември, од 10:00 ч. до 14:00 ч., и на
на 14-ти септември, од 14:00 ч., до 19:00 ч.
Секоја донација ќе биде добредојдена, а во знак на благодарност ќе следуваат мали подароци: купони за бесплатни часови по англиски јазик, тетратки, пенкала, чаши, приврзоци, користени книги и списанија и др. (количините се ограничени)!
Донираната облека треба да биде во добра состојба и чиста, а храната да биде конзервирана/пакувана, со долг рок на употреба. Исто така, потребни се и средства за одржување лична хигиена и хигиена во домот, како и училишен прибор.
Распределбата на собраните донации ќе се врши преку Црвен Крст- Струга, на семејства од нашиот крај на кои им е потребен ваков тип на помош.
Да помогнеме кој колку може!
“Не можеме да им помогнеме на сите, но секој може да помогне некому.” – Роналд Реган
Повеќе информации: https://www.facebook.com/events/1520302594683370/?acontext=%7B”action_history”%3A”[%7B%5C”surface%5C”%3A%5C”messaging%5C”%2C%5C”mechanism%5C”%3A%5C”attachment%5C”%2C%5C”extra_data%5C”%3A%7B%7D%7D]”%7D
Дамјана Видическа, Публицитет.мк