Од пред околу половина час изби пожар во просторот на охридската касарна. Гори сувата трева и останата бујна вегетација.
Со пламените јазици како што дознаваме се борат три екипи – противпожарни возила од Охрид.
Густиот час се гледа од далечина а и фотографиите кои до редакцијава ги испрати нашиот читател Милан Србиноски се доволен доказ за сериозноста на пожарот кој го зафати овој дел од градот.
Според очевидци – неофицијално до пожарот дошло по спој на жици од бандера –и искричење од кои се запалила сувата трева и истовремено и останатата вегетација и дрва.Проблем во гаснењето на пожарот на пожарникарите им создава и ветерот.
Публицитет.мк