„Пулсот на времето“ се само еден избор од интервјуа кои Јовковска ги сработила во својата досегашна , новинарска кариера
Под наслов „Пулсот на времето во Аладиновата ламба на вистината“ Ана Јовковска заедно со Владимир Мартиновски, поет и музичар, и Билјана Тануровска – Ќулавковски, културен работник со присуството во „Аквариус“ вчеравечар направија уште еден креативен обид за децентрализација на културата, како важен елемент за демократизација на општеството.
„Книжевната сцена е како ендемски вид кој треба да се негува. Денес луѓето одат со таблет и со мобилен телефон на плажа, наместо со книга. Битката меѓу книжевната сцена и поп-дигиталната култура е како битката меѓу Давид и Голијат. Затоа, култураната продукција мора да наоѓа креативни начини да допре до публиката и да ги дистрибуира книжевните производи до поширока публика и надвор од главниот град Скопје. Просторот е толкав колку што сами ќе го освоиме. Со мускули на вода или со бранови од мисли, но со книга во рака, изјави деновиве за „Република.мк“ Ана Јовковска, најавувајќи ги гостувањата во Струга и Охрид.
Рецензенти на книгата се: Ферид Мухиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Никола Ристановски, Дејан Дуковски и Александар Прокопиев.
Публцитет.мк
Фото: кафетерија „ Аквариус“