Ангелина Блажеска, дипломиран машински инженер, подеднакво храбро чекори и во фабриките и на модните писти.
Првите чекори и се на бреговите на Охридското Езеро, а сега живее и работи во Скопје.
Таа е заштитно лице на колекциите на повеќе македонски дизајнери.
Голем промотор на македонската мода за која вели дека последниве години е во подем и дека конечно талентот на македонските дизајнери добива свое признание не само во Македонија туку и во светот.
Модната индустрија е сериозна работа, но за Ангелина ќе остане само хоби.
Публицитет.мк