• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Ангеловски: На теренот да имаме подобри услови, од овие кои сега Шпанците ни ги обезбедија на пресот

ноември 12, 2016
in Омнубус

ЕКИПА во Гранада,

Владимир Булатовиќ

Шпанците од старт ниту најмалку не се потрудија да бидат добри домаќини за македонската репрезентација. Тоа го почувствува македонскиот селектор Игор Ангеловски кој за време на официјалната прес-конференција побара извинување од Шпанската федерација за неверојатните срамни услови под кои се одвиваше средбата со медиумите.

За време на прес-конференцијата на кој беа Ангеловски и капитенот Горан Пандев, цело време во салата раздвижено разно-разни Шпанци се однесуваа како на „панаѓур“ не дозволувајќи ниту најмала можност да се слушне мислењето на Македонците…ФФМ реагираше преку портпаролот Златко Андоновски, а Шпанија иако е повеќекратен европски и светски првак, сепак, докажа дека организацијата и не им е силна страна. Со одреден потценувачки однос, можеби се и на дното во една ваква ситуација.

„Јас навистина не знам што се случува. Но, бараме услови за одвивање на прес-конференцијата. Ова е срамно. Се надевам дека Шпанците утре на терен ќе овозможат подобри услови од ова што сега ги имаме на прес-конференцијата“ – рече македонскиот селектор, по што веднаш потоа доби извинување од портпаролот на Шпанската фудбалска федерација.

Откако се смири ситуацијата во прес-салата на „Нуево Лос Керманес“, Ангеловски се осврна и на денешниот натпревар…

„Сите знаеме каков противник не очекува, но ние посакуваме да одиграме добро и без разлика на силата на противникот доаѓаме да се надигруваме до крај. Ова за нас е голем предизвик, но имаме цели кои се надевам дека на крајот и ќе ги оствариме“ – рече Ангеловски, и дополни околу начинот на игра:

„Нема да менуваме ништо формациски во однос на претходните дуели. Но, сигурно ќе има неколку играчки освежувања во првиот тим. Посебно, јасно е дека ќе има ново име на голманската позиција, но и во одбраната и во средниот ред. Верувам дека сите кои ќе добијат шанса се максимално подготвени да не донесат до позитивен резултат, без разлика што играме против голем фаворит, Но, составот ќе им го соопштам на фудбалерите пред самиот натпревар“.

Извор: www.ekipa.mk 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Номинации за европските филмски награди – ЕФА

Next Post

Австралија се поместува по неколку милиметри секоја година

Next Post

Австралија се поместува по неколку милиметри секоја година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk