Кога ХИВ вирусот (хумано имунодефициентен вирус), ќе навлезе во организмот, нашето тело создава антитела (материи кои организмот ги создава за да не одбрани).
Aнтителата се појавуваат после три до шест месеци. ХИВ вирусот ги напаѓа клетките од имуниот (одбрамбениот) систем т.е. ЦД 4 клетките. Непосредно по контактот со ХИВ, некои луѓе можат да имаат симптоми слични на грип, настинка или некогаш осип кој трае неколку дена или недели. Кај други пак нема да се јават никакви знаци на болест. Единствен начин да се дознае дали си заболен од ХИВ вирусот е преку ХИВ тестот. Се’ уште не постои вакцина против ХИВ вирусот, но постојат лекарства кои можат да го продолжат и подобрат животот.
По повод 1 Декември – Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, се приклучуваме кон светската кампања под мотото ,,Saving Lives through Leadership and Partnerships,,
Aкцент се става на неколку активности последователно, кои Здружението на граѓани „Опција’ – Охрид ги планира во соработка со Црвениот крст, и со финансиска поддршка од Општина Охрид.
Оваа година едукациите ќе се однесуваат на: превенција од вирусот, начинот на пренос, симптоми, начинот на тестирање и дознавање на статусот и третманот, и ќе бидат насочени кон: лицата кои издржуваат затворска казна, лицата кои се стабилизирани на метадонска терапија, сексуалните работници и лицата кои ињјектираат дрога. Како едукатори се појавуваат: Д-р Коровешоска од Црвен крст Охрид, д-р Лаброска од Центар за превенција и третман на болести на зависност од дроги од ЈЗУ Општа болница – Охрид и Бети К. Стојкоска од здружението Опција. Ова е само уште еден показател за успешно вмрежување на релевантни установи кои придонесуваат за локалната заедница и групите во ризик.
Во склоп на активностите, во двата дневни центри на ЗГ „Опција“ ќе се одржат анонимни доверливи и бесплатни тестови за ХИВ, наманети за општа популација. Ги охрабруваме сите заинтересираните граѓани да се обратат на email:opcijaohrid@yahoo.com/ facebook:Nvo Opcija Ohrid и да договорат термин со медицинските лица.
Јулијана Настоска
Социјален работник
ЗГ Опција Охрид
Публицитет.мк