Во Англија, во местото Кентбери на 66 годишна возраст почина познатиот драматург Горан Стефановски.
Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952). Тој е познат македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа и како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.
Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година е и член на Македонската академија на науките и уметностите. Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ја предава историјата на македонскиот народ, преку сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“,и „Војдан Чернодрински“. Горан е брат на гитаристот Влатко Стефановски.
ТВОРЕШТВО:
- Клинч (тв-игра, 1974),
- Јане Задрогаз (драма, 1974),
- Чиракот Шекспир (радио-драма, 1975),
- Сослушувањето на железничарот (тв-драма, 1976),
- Томе од бензиската пумпа (тв-филм, 1978),
- Наши години (тв-серија, 1979),
- Диво месо (драма, 1979),
- Тумба, тумба, дивина (тв-драма, 1980),
- Лет во место (драма, 1981),
- ХИ-ФИ (драма, 1982),
- Дупло дно (драма, 1983),
- Тетовирани души (драма, 1985),
- Бушава азбука (тв-драма) (тв-драма, 1985),
- Црна дупка (драма, 1987),
- Long play (драма, 1988),
- Кула вавилонска (драма) (драма, 1989),
- Травијата (либрето, 1989),
- Зодијак (либрето) (либрето, 1990),
- Чернодрински се враќа дома (драма, 1991), I ¦
- Чернодрински (либрето) (либрето, 1991),
- Гоце (едночинка, 1991),
- Сараево (драма, 1993),
- Старецот со камен околу вратот (едночинка, 1994),
- Оазата на Мира (тв-драма, 1994),
- Сега му е мајката (едночинка, 1995),
- Баханалии (драма, 1996),
- EX-YU (едночинка) (едночинка, 1996),
- Аирлија транзиција (тв-серија, 1996),
- Casabalkan (драма, 1997).
- Демонот од Дебар Маало (драма, 2006),
Публицитет.мк