
Астрономите наговестија дека можеби ја откриле првата планета слична на Земјата надвор од нашата галаксија. Досега се пронајдени речиси 5.000 егзопланети – светови кои орбитираат околу ѕвезди надвор од нашиот Сончев систем,но сите тие се наоѓаат во галаксијата Млечен Пат.
Можниот планетарен сигнал (сличен на нашиот) откриен од телескопот на НАСА со рендгенските зраци Чандра се наоѓа во спиралната галаксија Месија 51, која е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од Млечниот Пат.
Овој нов резултат се заснова на набљудување на транзитот, кога поминувањето на планетата пред ѕвезда блокира дел од светлината на ѕвездата и дава карактеристичен пад на светлината што може да се открие со телескопи. Оваа техника веќе е искористена за пронаоѓање на илјадници егзопланети.
Д-р Розен ди Стефано и нејзините колеги барале карактеристични отстапувања во осветленоста на рендгенските зраци добиени од одреден тип на објект во кој таа е позабележителна.
Овие објекти обично содржат неутронска ѕвезда или црна дупка што го пренасочува гасот од блиското Сонце, односно од ѕвездите. Помалите и поголеми небесни честички и друг материјал во близина на неутронска ѕвезда или црна дупка се прегреваат и испуштаат сјај на бранови должини на Х-зраци.
Бидејќи областа што произведува толку светли рендгенски зраци е мала, планетата што минува пред неа би можела да ги блокира повеќето или сите рендгенски зраци, што го олеснува забележувањето на транзитот.
Членовите на тимот ја користеа оваа техника за да откријат кандидат за егзопланета во бинарен систем наречен M51-ULS-1.
„Методот што го развивме и применивме е единствениот моментално применлив метод за откривање на планетарни системи во други галаксии“, изјави д-р Ди Стефано од Центарот Харвард-Смитсонијан, оддел за астрофизика на Универзитетот Кембриџ во САД, за BBC News.
„Тоа е уникатен метод, специјално прилагоден за наоѓање планети околу бинарни системи со рендген на кое било растојание од кое можеме да ја измериме кривата на светлината“, објасни таа.
Овој бинарен систем содржи црна дупка или неутронска ѕвезда која орбитира околу својата ѕвезда, чија маса е околу 20 пати поголема од Сонцето. Неутронска ѕвезда е само јадрото на она што некогаш беше масивна ѕвезда.
Транзитот траеше околу три часа, при што емисијата на рендген беше намалена на нула. Врз основа на овие и други информации, астрономите проценуваат дека планетата што е кандидат за егзопланета би била приближно со големина на Сатурн и би орбитирала околу неутронска ѕвезда или црна дупка на приближно двојно поголема оддалеченост од Сатурн од Сонцето.
Публицитет.мк







