• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Австрија ќе ја руши родната куќа на Хитлер

октомври 18, 2016
in Омнубус

Властите во Виена најавија дека родната куќа на Адолф Хитлер, која стана „светилиште“ за неонацистите, ќе биде урната и пренаменета. Тие изјавија дека зградата ќе биде „архитектонски преуредена“.

„Куќата на Хитлер ќе биде урната. Столбовите и основата може да останат, но ќе биде подигната нова зграда”, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка, за дневниот весник „Ди Пресе”. Во иднина, зградата ќе ја користат хуманитарни организаци или локалната власт, додаде тој.

„Во секој случај, нема да остане било каква поврзаност со Адолф Хитлер, затоа што во спротивно ќе остане неговото наследство поврзано со куќата”, изјави Соботка.

Одлуката беше донесена врз основа на препораката на 13- члената комисија која одлучуваше за судбината на зградата лоцирана во градот Браунау ам Ин во северна Австрија, кој се наоѓа на самата граница со германската покраина Баварија.

Куќата е во сопственост на австриската државјанка Герлинде Помер, чие семејство ја поседува куќата повеќе од еден век, освен во времето кога приватниот секретар на Хитлер, Мартин Борман ја откупил куќата во 1938 година. Во 1972 година, куќата била изнајмена од страна на австриските власти и била претворена во центар за хендикепирани лица, што на Помер, месечно и‘ носело приход од 4.800 евра од кирија.

Пред пет години, Помер не дозволила да се реновира зградата и ја одбила понудата куќата да биде откупена од министерството за внатрешни работи. Во јули оваа година, властите со предлог-амандман одобрија одземање на имотот. Предлог законот ќе биде дискутиран во парламентот оваа недела и се очекува да стапи на сила до крајот на оваа година.

Geburtshaus Adolf Hitler in Braunau (picture-alliance/dpa)

Куќата во која се родил Хитлер, архивска снимка

Место за аџилак

Официјална Виена нареди принудно откупување на зградата. Комисијата од експерти, која вклучува историчари, јавни личности, како и претседателот на најголемата еврејска група во Австрија препорача „темелно архитектонско преуредување” на зградата.

Адолф Хитлер, роден на 20 април 1889 година, во пограничниот град ги поминал само првите години од неговиот живот, но адресата во Браунау стана „свето место” за неонацистите и екстремистите кои секоја година, на роденденот на диктаторот, позираат пред зградата со препознатливиот поздрав на Хитлер.

Некои велат дека рушењето на куќата ќе ја избрише трагата на неудобната поврзаност на Австрија со Третиот рајх. Сепак, многу културни организации се спротивставија на демолирањето на зградата бидејќи е дел од историскиот стар град на Браунау и има заштитен статус, како и многу други соседни згради. Готската архитектура на Браунау ам Ин е далеку позната, иако можеби не толку, колку и озлогласениот син.

Извор: www.dw.com

Посетеност: 201
Share
Previous Post

ДЗС: Две мини извадени од Охридско Езеро

Next Post

Претпазливо кон Бејбунар – полицијата врши вежба за боево гаѓање

Next Post

Претпазливо кон Бејбунар - полицијата врши вежба за боево гаѓање

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 201

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk