Вчера беше организирана акција за пронаоѓање и вадење на неексплодираните убојни средства, во акцијата беа вклучени нуркачи од тимот за брз одговор за подводно дeминирање од Охрид кои учествуваа во акцијата за „Чистење на Охридското езеро од НУС“ во изминатиов период.
Со чамец на Езерската полиција од Охрид се отиде до местото кое беше оддалечено околу 50 метри од брегот на езерото, се пронајдоа и се извадија две минофрлачки мини од 75 мм кои беа преземени од, пиротехничар во ДЗС-ПО Кичево.
Мините се сместени на безбедно се до нивното уништување во организирана акција на полигонот на АРМ „Криволак, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување.
Публицитет.мк






