ШКОДА продолжува да расте: Во последниве години, брендот ја прошири и обнови својата моделска гама.
Во моментов се засилува гамата со нови SUV модели. Со ШКОДА Vision S, чешкиот автомобилски производител прикажува како ќе изгледа дизајнот на идните спортско-корисни возила на Шкода.
ШКОДА Vision S го пренесува новиот дизајнерски јазик и во SUV сегментот. Дизајнот јасно е под влијание на чешкиот кубизам и традицијата на Бохемија во создавањето кристални уметнички дела. Линиите се прецизни, остари и недвосмислени. Особено се истакнува играта на светлината и сенките кои на површината на автомобилот создаваат возбудлив ефект, со акцент на „Island“ зелената боја.
Со 2,79 метра меѓуоскино растојание, должина од 4,70 метри, широчина од 1,91 метри и висина од 1,68 метри, ШКОДА Vision S доминира на патот. Направено врз основа на MQB платформата од групацијата Volkswagen, ова е првото возило на ШКОДА кое има шест седишта во три реда.
Уште една важна карактеристика на концептот е неговиот plug-in хибриден погон, со 165 kW (225 КС), автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 7,4 секунди, а максималната брзина e речиси 200 km / h. Vision S е неверојатно штедлив со горивото и троши 1,9 литри бензин на 100 километри, емисијата на CO2 изнесува 45 грама на километар. ШКОДА Vision S може да помине 50 километри само на електричен погон, а вкупниот опсег изнесува 1.000 км со комбинација на двата погонски системи.
Моторот со внатрешно согорување е 1.4 TSI со 115 kW (156 КС) и 250 Nm вртежен момент. Електричниот мотор обезбедува континуирана моќ од 40 kW и 220 Nm максимален вртежен момент. Тој е интегриран со автоматскиот шест брзински DSG менувач и ја пренесува моќта на предните тркала. Вториот електричен мотор со 85 kW и вртежен момент од 270 Nm моќта ја пренесува на задната оска. Пренесувањето на моќта функционира независно од возење на предната оска, што значи дека концепт автомобилот има паметен погон на сите четири тркала и не бара механичко спојување. Трите мотори соработуваат на многу флексибилен начин. Возачот на ШКОДА Vision S може да избере еден од неколкуте режими на работа. Литиум јонската батерија има капацитет од 12.4kWh и е поставена во предниот дел на задната оска.
Извор: www.ekipa.mk