Мартин Милески, музичар од Охрид и гитарист во дет метал бандата од Охрид, Saidon. го издаде својот нов соло албум „Battle of the Traitors”.
-Албумот е инспириран од теми како предавство, одмазда, лојалност и последици од човекови грешки. Работев долго на него и вложив многу труд во секоја песна, риф и атмосфера, со желба да создадам нешто искрено, емотивно и доволно тешко, но сепак мелодично за љубителите на метал музиката, вели Милески.
Зад овој проект не стои издавачка куќа ниту голем промотивен тим. Станува збор за целосно независен албум кој го создадов од љубов кон музиката и желба да стигне до луѓе кои уживаат во искрен и квалитетен андерграунд метал. Работен е заедно со Мартин Цветковски од Скопје кој се појавува на албумот како продуцент, вокал и бас гитара. Гитарите се снимани во студиото на Бојан Трајчески а мастер продуцент се појавуват и Ване Ивановски.
Цел албум:
https://www.youtube.com/watch?v=3UzWkuXQ9rI
Публицитет.мк








