Како што и во претходното интервју објавив дека ќе продолжам да ги преведувам истите мои музички дела од макеоднски јазик на српски и на турски, така правам, вели кантавторот Беркант Мусли.
Првиот чекор го направива со мојата песна „Дојди ти кај мене“ со превод на српски, вели Беркант Мусли и сега истата песна се вика: „Ѓаволу те недам“ бидејки референот мораше да се приспособи кон српскиот јазик.
Самата преработка не беше многу тешка бидејќи на времето уште 80-те музиката кај нас во нашето поднебје и пошироко во ЕХ ЈУ регионите се пееше и изведуваше на тогашниот службен српско-хрватски јазик.
Продолжувам со преведувањето на уште една музичка нумера: „Јас не сум твој“ а после тоа се префрлам на снимање нови песни исто на српски јазик.
Некаде следната година планирам сите да ги снимам и на турски јазик.
За моите остварувања имам и голема поддршка и може да ги пофалам моите другари уште од средно : Томи, Мите а и брат ми Ерсин кои несебично музички ме поткрепуваат и ме мотивираат со нивна музичка поддршка при подготвување на секое мое музичко дело а во позадина имам поткрепа од нивните сопруги: Дени Мира и Маја.
Најголемата поддршка и мотивација ја имам од мојата прекрасна сопруга Мерал која секогаш ме слуша и дели сугестии ако нешто не е како што треба, вели канатавторот Беркант Мусли од Скопје.
Публицитет.мк