НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, организира општински натпревар “Млади библиотекари” – 2017.
Натпреварот ќе се одржи во петок на 29 септември во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 10 часот.
Право на учество на општинскиот натпревар имаат учениците и членовите на библиотеките од Основните училишта на Општина Охрид.
Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар.
Публицитет.мк