АЛАРМ за ПРИРОДАТА ги повикува сите невладини организации и компаниите да земат учество на еко – музичкиот фестивал “АЛАРМ за ПРИРОДАТА” 2018, на еко музичкиот настан кој ќе се одржи во автокамп Ливадишта, Струга во периодот од 27 јуни до 2 јули годинава.
Основната идеја на оваа иницијатива е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина. Крајната цел е да се испрати еко порака, заклучоци и мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата, практикување на здрав начин на живот во хармонија и љубов со природата, а притоа почитувајќи го човекот, родовата еднаквост и маргинализираните групи.
Организациите и компаниите можат да се пријават со предлог работилници, дебати, уметничко музички форми, еко-проекти, презентации, штандови, филмови и сл., а апликацијата покрај основните податоци за организации и компаниите, треба да содржи детален опис на активностите, техничките услови кои им се потребни за учество, бројот на учесници и нивните имиња.
Како дел од програмата ќе бидат организирани еко акции на 2 локации.
Организаторите ќе ги обезбедат основните услови за работа, односно:
Простор за кампување, приклучок за струја, штанд;
Шатори и вреќи за спиење за сите оние што имаат потреба;
Камп приколки и бунгалови
Простор за чување на опремата и материјалите;
Организиран превоз за секој учесник
Организирано јадење
Пријавите и дополнителни прашања може да се праќаат на е-мејл:bivium2001@yahoo.com alarmzaprirodata@gmail.com
Краен рок за пријавување е 6 Јуни 2018 година. Бројот на учесници е ограничен.
Публицитет.мк