ООУ ” Григор Прличев” од Охрид на различни едукативни начини одржува комуникација и интеракција со учениците од ова училиште и нивните родители.
Денес, на Интернационалниот ден на среќата, раководната служба од училиштето постави порака до своите ученици на нивниот т.н. Весел ѕид: ” Биди среќен, сѐ ќе биде во ред”. Ова училиште веќе неколку денови води интересна едукативна кампања за превенција од корона вирусот и воведување на неформални едукативни содржини.
Под мотото ” #СедиСиДома, биди #Cool и учи си ” наставниците поделени во активи им испраќаат материјали со едукативни содржини на своите ученици постиирајќи ги истите на официјалната facebook-страна на училиштето.
За возврат пак, задоволните ученици со своите родители испраќаат видеа споделувајќи со своите другарчиња активности кои можат да ги прават седејќи дома. ООУ ” ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ОХРИД уште од месец јануари засилено воведуваше превентивни мерки за дополнителна заштита и превенција од сезонски грип и вируси. Еден од највисоките приоритети, велат од училиштето, е хигиената на учениците.
Публицитет.мк