Ансамблот „Билјана“ од Охрид за нецели два дена го сними своето второ ЦД. На него се поместени 12 староградски песни и едно оро.
Дел од песните се снимени за првпат и се дел од оставнината на покојниот хармоникаш Кузамн Поп Стефанија . Песните се снимени во во приватното студио на продуцентот Зоран Кречо во Охрид. Аранжманите се дело на поранешниот член на прочуениот ансамбл „Билјана“ Ташко Петрески – Шуле и на членовите на ансамблот Андреј, Христијан, Ангел и Јован. ЦД –то е снимено со финансиска поддршка на Општина Охрид.
Членовите на „Билјана “ сигурно чекорат по стапките на нивните славни претходници и од ден во ден се се’ побарани да ги забавуваат охриѓани и гостите. Ансамблот „Билјана“ во понеделник ќе настапи на отворањето на четвртото издание на култрно забавната манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца .
Публицитет.мк