• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кога е време да закажете лекарски преглед?

јули 15, 2015
in Uncategorized

Често занемаруваме многу тегоби верувајќи дека ќе исчезнат со текот на времето или дека ќе ги отстраниме со некој трик од „домашната ординација“. Сепак некои проблеми нема да се решат додека не побарате стручна помош.

Многу луѓе знаат кој аналгетик им помага ако ги заболи глава, кој чај им годи во зависност од тоа кој здравствен проблем ги мачи. Кога сме премалени, имаме навика да испиеме вит. Ц. Во доста ситуации можеме и сами да си помогнеме. Меѓутоа има здравствени проблеми што нема да се решат ако не отидеме на лекар. Ви ги посочуваме најчестите. 

1 Најсилнатаглавоболка што сте ја почувствувале

Можеби е мигрена, но може да биде симптом и на нешто посериозно. Веднаш посетете го лекарот ако болката е неиздржлива или ако е придружена со покачена температура и со вкочанетост на вратот.

2 Сексуално пренослива болест

Доколку забележите израсток на вагината, чувство на топлина, чешање или нетипичен исцедок, особено ако е придружен со покачена температура и со болки, веднаш одете на гинеколог. Навреме поставена дијагноза може да ја зачува плодноста.

3 Депресивно расположение што не поминува

Има денови кога немаме волја за ништо, а и немаме некој реален проблем за тоа. Но ако нерасположението нè спречува во извршувањето на секојдневните активности, не е доволен само разговор со пријателката.

4 Проблеми со сонот

Многу жени овој проблем се обидуваат да го решат со помош на апчиња за спиење или со алкохол. Меѓутоа треба да се има предвид дека апчињата можат да создадат зависност, а притоа да не ја отстранат вистинската причина за несоница. Ако овој проблем трае подолго време и остава последици врз вашето физичко и ментално здравје, најдобро е да побарате лекарска помош.

 5 Уринарна инфекција

Сок од брусница или увин чај нема да го решат проблемот! Ништо освен антибиотици не е ефикасно во овој случај. Што е можно побрзо одете на лекар, бидејќи нелекувана бубрежна инфекција може да предизвика инфекција на бубрези.

6 Секоја билка што трае подолго од три дена

Болката што не поминува секогаш сигнализира дека нешто не е во ред. На тоа предупредуваат врвни стручњаци од медицината.

 Извор: Убавина и здравје.мк 
Посетеност: 126
Share
Previous Post

Стартуваше „Публицитет.мк“

Next Post

„Билјана“ го сними второто ЦД

Next Post

„Билјана“ го сними второто ЦД

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 126

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk