На 16 јули од 20:00 до 21:00 часот во Кадмо Бар ќе се одржи промоција на песнарката „Охридски Музички Бисерник – староградски песни“, а од 21:00 стартува Jam Session во чест на Андреј Лаброски.
Овој настан ќе биде од хуманитарен карактер, така што песнарката која ќе биде промовирана, ќе може да ја купите во текот на вечерта по цена од 400 денари, од кои дел од средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Во склоп на Jam Session-от ќе настапат и многу локални музичари. За учество може да се пријави секој, најдоцна до 13.07.2019 (Сабота) во директна порака.
Резервации на телефонскиот број:
078/532-949 – Христина
Ќе ни биде чест заедно да го обележиме животното дело на Андреј Лаброски.
Ваши,
Ансамбл Билјана